мини|Човечка брада Брада — предниот испакнат дел од долната вилица, под долната усна. Целосно развиен човечки череп има брада со големина помеѓу 0,7 и 1,1 сантиметар.

Еволуција Добро изразената брада е клучна одлика што го издвојува разумниот човек (Homo sapiens) од другите древни човечки роднини како неандерталците. Раните човечки предци имале различни структури на вилицата, но ниту еден не покажувал истакната брада. Причините зошто современите луѓе ја имаат оваа единствена особина, додека ниеден друг примат ја има, сè уште се неодговорени. Се смета дека брадата настанала кога забните лакови на нашите предци станале потесни. Освен тоа, нејзините точни придобивки за време на јадењето, нејзината улога во развојот и поврзаноста со човечкиот говор, физиологијата и општественото поведение се теми на тековната расправа меѓу стручњаците.

Некои научници мислат дека притисокот од џвакањето можеби предизвикал згуснување на коската во долната вилица, на крајот образувајќи ја брадата. Меѓутоа, сè уште е неизвесно дали брадата е приспособување што ни користи или е одлика што нема корисна цел.

Двојна брада Двојната брада е слој од поткожното масно ткиво околу вратот што попушта и образува брада, што дава впечаток за втора брада. Масната подлога може да се отстрани хируршки.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Анатомија на човекот __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__