Романо Кристијан Шмид (роден на во ) — австриски фудбалер, играч од средниот ред на Вердер Бремен и на австриската репрезентација.

Клупска кариера Израснат во фудбалската школа на , тој го направи своето деби за првиот тим на 28 мај 2017, во првенствениот натпреварот загубен со 1-0 од Волфсбергер.Wolfsberger-Sturm Graz 1-0 transfermarkt.it На почетокот на следната сезона, на 27 јули 2017, тој го направил своето деби во европските натпреварувања заменувајќи го Санди Ловриќ во последните 15 минути од натпреварот загубен на домашен терен со 1-2 од Фенербахче во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Три дена подоцна, го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, во победата со 2-3 на гостувањето против Австрија Виена.Austria Vienna-Sturm Graz 2-3 transfermarkt.it со што станал првиот играч роден во 2000-тите што постигнал гол во највисоката австриска фудбалска лига.Sturm Graz: Romano Schmid stellt Bundesliga-Rekord auf spox.com

На 19 август 2017, тој бил купен од Ред Бул Салцбург, со кого потпишал тригодишен договор.Romano Schmid joins the Red Bulls redbullsalzburg.at Играјќи главно за резервниот тим, Лиферинг, на 3 јануари 2019 бил продаден на ,Romano Schmid leaves for SV Werder Bremen redbullsalzburg.atWERDER BREMEN SIGN ROMANO SCHMID werder.de кој веднаш го позајмил на Волфсберг.ROMANO SCHMID UNTERSCHREIBT rzpelletswac.at; откако одиграл 12 натпревари и постигнал еден гол, на 21 јуни позајмицата бил потврдена за уште една сезона.ROMANO SCHMID EXTENDS LOAN AT WOLFSBERGER AC werder.de

На 31 јули 2020 година, го завршил своето искуство во Волфсберг и се вратил во Вердер Бремен. Дебитирал за Вердер на 6 декември 2020, во поразот на домашен терен од Штутгарт (1-2) во Бундеслигата. Во првата сезона за Вердер одиграл вкупно 25 натпревари комбинирано во првенството и купот, но истата завршила со испаѓање на клубот од врвната дивизија во Германија за првпат после 41 година. Следната сезона, во Втората Бундеслига добил повеќе простор за игра, а на 3 декември 2021 година го пронашол својот прв гол во дресот на Вердер во победата со 4-0 над Ерцгебирге Ауе. После само една сезона отсуство, Вердер се вратил во Првата Бундеслига, освојувајќи го второто место кое им донело директна промоција за која Шмид придонел со 33 настапи и 3 гола.

На 20 мај 2023, Шмид го постигнал својот прв гол во Бундеслигата, во домашниот натпревар против Келн кој завршил без победник 1-1.

Репрезентативна кариера Откако ги минал сите австриски млади репрезентации од под 15 до под 21 година, на 22 септември 2022 година, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во поразот со 2-0 од во Лигата на нации.

Во јуни 2024, бил избран од селекторот Ралф Рагник во составот од 26 играчи на Австрија за Европското првенство 2024. На 25 јуни, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 3–2 над Холандија за време на последниот натпревар од групната фаза на турнирот, помагајќи ѝ на својата земја да го обезбеди првото место во групата.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 26 јуни 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол мај. 2017 Штурм Грац БЛ 1 0 КА - - - - - - - - 1 0 јул.-авг. 2017 БЛ 2 1 КА 1 0 ЛЕ 2Во квалификациските кола. 0 - - - 5 1Вкупно Штурм Грац 3 1 1 0 2 0 - - 6 1 авг. 2017-2018 Лиферинг ЕЛ 24 8 - - - - - - - - - 24 8 2018-јан. 2019 ЕЛ 6 1 - - - - - - - - - 6 1Вкупно Лиферинг 30 9 - - - - - - 30 9 мај 2018 Салцбург БЛ 1 0 КА - - ЛШ+ЛЕ - - - - - 1 0 фев.-јан. 2019 Волфсбергер БЛ 12 1 КА - - - - - - - - 12 1 2019-2020 БЛ 25 2 КА 2 1 ЛЕ 6 0 - - - 33 3Вкупно Волфсбергер 37 3 2 1 6 0 - - 45 4 2020-2021 Вердер Бремен БЛ 22 1 КГ 3 0 - - - - - - 25 1 2021-2022 2Б 33 3 КГ 1 0 - - - - - - 34 3 2022-2023 БЛ 27 1 КГ 2 1 - - - - - - 29 2 2023-2024 БЛ 33 4 КГ 1 0 - - - - - - 34 3Вкупно Вердер Бремен 115 9 7 1 0 0 - - 122 10Вкупно кариера 186 22 10 2 8 0 - - 204 24

Репрезентативна статистика

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови202230202340202471Вкупно141

Наводи

Надворешни врски

Романо Шмид на soccerway Романо Шмид на transfermarkt Романо Шмид на ESPN Романо Шмид на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Австриски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Штурм Грац Категорија:Фудбалери на ФК Салцбург Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Фудбалери на ФК Волфсбергер Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026