Прашањето за јадрената енергија како обновлива енергија е тековна тема на дебата. Законските дефиниции за обновлива енергија вообичаено исклучуваат многу присутни технологии за јадрена енергија, со исклучок на државата Јута. Дефинициите за технологиите на обновливи извори на енергија од речник честопати испуштаат или експлицитно исклучуваат споменување на јадрена енергија, со исклучок направен за природното јадрено распаѓање на топлината што се создава во Земјата.
Највообичаеното гориво што се користи во атомски централи, ураниум-235 е необновливо според Управата за енергетски информации, организацијата се уште нема класификација за рециклирано гориво од мешани јадрени состојки. Националната лабораторија за обновлива енергија не ја споменува јадрената енергија во својата дефиниција за „основи за енергија“.
Во 1987 година, Брунтландската комисија ги класифицирала атомските централи кои произведуваат повеќе јадрено гориво отколку што трошат како обновливи извори на енергија, како што се сончевата енергија и хидроенергијата. Мониторингот и складирањето на радиоактивен отпад е исто така потребен при користење на други обновливи извори на енергија, како што е геотермалната енергија.http://www.epa.gov/radiation/tenorm/geothermal.html Geothermal Energy Production Waste.
Дефиниции за обновлива енергија Обновлива енергија вклучува природни феномени, кои со исклучок на плимна енергија, во главно се основани на енергија од сонцето или од геотермалната енергија, која е топлина добиена во најголем дел во земјата од распаѓање на радиоактивни изотопи.IEA Renewable Energy Working Party (2002). Renewable Energy... into the mainstream, p. 9.
Обновливите извори на енергија постојат на широки географски области, за разлика од другите извори на енергија, кои се концентрирани во ограничен број земји.
Во ISO 13602-1:2002, обновливиот ресурс е дефиниран како „природен ресурс за кој соодносот на неговото создавање е еднаково или поголемо од неговото користење во “.
Конвенционално цепење, реактори како обновливи извори Реакторите на јадрено цепење се природен енергетски феномен, кој сам се формирал на земјата во минатото, како природен реактор на јадрено цепење, кој работел илјадници години во денешен Окло Габон, кој што бил откриен во 1970-те. Работел неколку стотици илјади години, со просек на 100 кило вати топлинска моќ во тоа време.
Стандардните, јадрени реактори на цепење од човеково потекло во главно користат ураниум како гориво, достапен метал кој се наоѓа во морска вода и во рудници низ целиот свет. Користениот ураниум-235 во реакторите, без користење на рециклирање, е необновлив материјал и ако се користи со сегашните стапки трајно би се дотрошил во некој момент. мини|Модел на вториот најмоќен реактор кој произведува повење јадрено гориво од што користи, кој моментално сé уште се користи. Како што геотермална енергија е форма на енергија добиена од природното јадрено распаѓање на големото, но сепак ограничено присуство на ураниум, ториум и калиум-40 присутни во Земјината кора, и поради процесот на јадрено распаѓање, овој обновлив извор на енергија, исто така, во некој момент ќе снема гориво.The end of the SunEarth Won't Die as Soon as Thought
Реактори кои што произведуваат повеќе јадрено гориво од што трошат имаат посигурен случај да се сметаат како обновлив извор од вообичаените реактори за цепење. Овие така наречени размножувачки реактори постојано ќе го надополнуваат јадреното гориво преку изработка на материјали како ураниум-238 и ториум, во јадрени изотопи на плутониум или ураниум-233, соодветно. Овие материјали се исто така необновливи, но нивното присуство на Земјата е исклучително големо, со временска рамка за снабдување поголема од геотермалната енергија. Во затворен циклус на јадрено гориво што користи размножувачки реактори, јадреното гориво може да се смета за обновливо.
Во 1983 година, физичарот Бернард Коен тврдел дека размножувачките реактори, со гориво исклучиво од природен ураниум извлечен од морската вода, можело да произведуваат енергија за најмалце до очекуваниот преостанат животен век на сонцето од пет милијарди години. Ова било засновано на пресметките според кои половина од вкупниот ураниум во Земјината кора со годишна стапка на употреба од 6500 тони/годишно, што беше доволно за да се произведе приближно 10 пати повеќе од светската потрошувачка на електрична енергија од 1983 година, и ќе ја намали концентрацијата на ураниум во морињата за 25%, што ќе резултира со зголемување на цената на ураниумот за помалку од 25%.
Напредоци во Националната лабораторија Оук Риџ и Универзитетот на Алабама, објавени во изданието на Американското хемиско здружение во 2012 година, имало напредок во екстракција на ураниум од морската вода се фокус на зголемување на биоразградливоста на употребените материјали, намалувајќи ја предвидената цена на металот доколку е извлечен од морето во индустриски размери.Details of the Japanese experiments with Amidoxime circa 2008, Archive.orgConfirming Cost Estimations of Uranium Collection from Seawater, from Braid type Adsorbent. 2006 Почнувајќи од 2013 година, само неколку килограми ураниум биле извлечени од океанот во пробна програма.Development of a Kelp-Type Structure Module in a Coastal Ocean Model to Assess the Hydrodynamic Impact of Seawater Uranium Extraction Technology. Wang et al. J. Mar. Sci. Eng. 2014, 2(1), 81-92; doi:10.3390/jmse2010081Uranium Seawater Extraction Makes Nuclear Power Completely Renewable. Forbes. James Conca. July 2016April 20, 2016 Volume 55, Issue 15 Pages 4101-4362 In this issue:Uranium in Seawater
Во 1987 година, Светската комисија за животна средина и развој, организација независна од, но создадена од Обединетите нации, ја напомениле јадреното цепење користејќи размножувачки реактор и јадреното соединување како обновливи. И двете се класифицирани во истата категорија како конвенционалните обновливи извори на енергија, како што се сончевата и хидроенергија.
Од 2022 година, само 2 рамножувачки реактори произведуваат индустриско количество електрична енергија.
Наводи
Категорија:Обновливи извори на енергија