Николас Зајвалд (роден на во Кухл) — австриски фудбалер, играч од средниот ред на РБ Лајпциг и на австриската репрезентација.

Клупска кариера Зајвалд ја започнал својата кариера во 2009 година во Ред Бул Салцбург. Израснувајќи во младинската академија на клубот, во 2019 година тој бил додаден во афилијаторскиот клуб Лиферинг со кој го имал своето професионално деби на 24 мај, за време на натпреварот од Ерсте лигата во кој неговиот тим загубил со 2-1 од ВШГ Тирол. Во 2020 година, тој трајно бил промовиран во првиот тим. Своето деби за Салцбург го имал на 9 септември 2020, влегувајќи како замена на местото на Енок Мвепу, во победата со 10-0 над Брегенц во Купот на Австрија. На 21 октомври 2020, го направил своето првенствено деби во натпреварот против Штурм Грац. На 11 октомври 2022 година, Зајвалд го постигнал својот прв гол во Лигата на шампиони во ремито 1–1 на гости против Динамо Загреб.

На 26 февруари 2023 година, Зајвалд потпишал петгодишен договор со германскиот клуб РБ Лајпциг, приклучувајќи му се на клубот за сезоната сезоната 2023–2024. Своето деби за Лајпциг, го направил во Суперкупот на Германија 2023, во кое тој и неговата екипа го совладале Бајерн Минхен со 3-0.

Репрезентативна кариера Првично ја претставувал Австрија на различни младински нивоа, а своето деби за сениорите го направил на 12 ноември 2021 во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2024.

Клупска кариера Ред Бул Салцбург Бундеслига на Австрија : 3 2020-2021, 2021-2022, 2022-2023 Куп на Австрија : 1 2020-2021, 2021-2022

РБ Лајпциг Суперкуп на Германија : 1 2023

Наводи

Надворешни врски

Николас Зајвалд на soccerway Николас Зајвалд на transfermarkt Николас Зајвалд на ESPN Николас Зајвалд на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Австриски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Салцбург Категорија:Фудбалери на РБ Лајпциг Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026