Игор Филков (р. 7 јуни 1979 во Скопје) — македонски политичар. Тој моментално е министер за правда и претседавач на Централниот одбор на партијата ЗНАМ.
Животопис Игор Филков е роден на 7 Јуни 1979 г. во Скопје. Дипломирал на Правен Факултет „Јустинијан Први“ Скопје, УКИМ, во период од 2000 – 2002, каде бил и Активист на Студентскиот Сојуз на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Бил вработен во локалната канцеларија во Македонија за Косово, Логистика и набавка НВО Солидаритес – Solidarités International. Во период од 1997 – 2002 бил активист во Студентски Сојуз. Тој бил избран да ја извршува функцијата министер за правда во Кабинетот на Христијан Мицкоски како член на партијата ЗНАМ.
Контроверзи Во пролетта 2026 година, Филков се соочи со барања, протести и закани од страна на албански студентски организации, поддржани од ДУИ, за овозможување полагање на правосудниот испит на албански јазик. Тој јавно ги отфрлил ваквите иницијативи, оценувајќи ги како обид за политички притисок и етничка конфронтација. Според Филков, испитот е исклучиво прашање на стручност и почитување на правниот поредок, додека законската обврска за познавање на македонскиот јазик не претставува дискриминација, туку уставна вредност и темел на институционалниот систем. Тој нагласи дека Министерството прифатил само аргументиран институционален дијалог, отфрлајќи секаква можност за уривање на правосудните критериуми преку улични притисоци. Дополнително истакнал:Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Македонија и темел на институционалниот и правниот систем.
Игор Филков, 19 мај 2026 година
Наводи
Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Македонски политичари Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Министри за правда на Република Македонија Категорија:Македонски правници