Д-р Петранка Мишевска ( во — ) — македонски лекар и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Животопис Таа е од семејството Еленови од Ваташа. Нејзините дедовци по мајка Петре и Диме Еленови се загинати во Тиквешкото востание од 1913 година. Вујковците на нејзиниот татко Благој, Јанко, Емануел, Стефан, Методија и Лазар Бакалови биле познати интелектуалци, трговци и занаетчии од ова село.

Завршила Медицински факултет во Скопје во 1974 година, како најдобар студент на генерацијата за што добила и посебна награда од Универзитетот. По дипломирањето, таа се вработила во Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде завршила специјализација по интерна медицина. Во 1989 година, ги завршила последипломските студии, докторирала и била избрана во наставни звања: асистент, доцент и професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Нејзината докторска дисертација била од областа на интравенозната исхрана кај тешките болни.

Објавени трудови Д-р Митевска е автор на првиот учебник на македонски јазик за венозна исхрана (Парентерална исхрана. 1994). Исто така таа е автор на поглавија во учебниците: „Современа дијагностика и терапија во медицината“ (2000) и „Клинички испитувања во интерната медицина интерна пропедевтика“ (2004).

Наводи

Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски учебникари Категорија:Југословенски лекари Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Медицинскиот факултет - Скопје