Ентони Доминик Бенедето (англ. Anthony Dominick Benedetto; 3 август 1926 ― 21 јули 2023), професионално познат како Тони Бенет (англ. Tony Bennet) ― американски џез- и традиционален поп-пејач. Добил многу награди и признанија, меѓу кои: 20 Греми-награди, Греми-награда за животно дело и две Еми-награди за серија во ударен термин. Американската национална фондација за уметности (National Endowment for the Arts) го прогласила Бенет за џез-маестро, а исто така добил признание од Кенедиевиот центар. Бенет го основал Уметничкото училиште „Френк Синатра“ во Квинс, Њујорк. Продал преку 50 милиони музички записи (албуми и синглови) и добил ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Живот и кариера

1926–1943: Семејство и образование Ентони Доминик Бенедето бил роден на 3 август 1926 година, во Квинс во градот Њујорк,Bennett, The Good Life, p. 15. како трето дете на Италоамериканците Џон и Ана Бенедето.Evanier, All the Things You Are, pp. 19–23. Неговиот татко бил бакал кој во 1906 година се доселил од Подаргони,Evanier, All the Things You Are, p. 29. "Tony Bennett's paternal grandfather, Giovanni Benedetto, grew up in the village of Podargoni, above Reggio Calabria. The family were poor farmers, producing figs, olive oil, and wine grapes. His mother's family, the Suracis, also farmed in Calabria. Neither side of the family could read or write." село во околината на Реџо Калабрија. Ана била родена во САД веднаш откако нејзините родители се доселиле во САД од регионот на Калабрија во 1899 година. Во Њујорк, пристигнале и други нивни роднини како дел од масовното доселување на Италијанците во Америка. Тони пораснал со постара сестра, Мери, и постар брат, Џон Помладиот.Bennett, The Good Life, pp. 11, 27. Поради тоа што татко му бил болен и бил неспособен да работи, децата пораснале во сиромаштија. Татко му починал кога Тони имал десет години.

Бенет пораснал слушајќи ги Ал Џолсон, Еди Кантор, Џуди Гарланд и Бинг Крозби, како и џез-музичари како Луис Армстронг, Џек Тигарден и Џо Венути. Неговиот вујко Дик бил степ-танчер во водвиљ и затоа можел рано да влезе во шоу-бизнисот. На 10-годишна возраст тој пеел и настапувал на отворањето на мостот Триборо. Исто така од најрана возраст многу сакал да црта; тој станал познат како карикатурист во PS 141 и сакал да стане комерцијален уметник.Evanier, All the Things You Are, pp. 33–34. Почнал да пее за пари на 13-годишна возраст кога работел како келнер што пее во неколку италијански ресторани во околината на родниот Квинс.

Бенет се запишал во Високата школа за индустриска уметност во Њујорк каде учел сликарство и музика, но, се откажал на 16 години за да го издржува семејството. Работел на машина за копирање во Associated Press во Менхетен и на неколку други нискоквалификувани и ниско платени работни места.Evanier, All the Things You Are, pp. 39–40. Тој најмногу се насочил кон професионалната пејачка кариера и имал успешен ангажман како келнер кој пее во ноќен клуб Парамус во Њу Џерси.

1944–1950: Втора светска војна и потоа Бенедето бил регрутиран во армијата на САД во ноември 1944 година, при крајот на Втората светска војна.Bennett, The Good Life, p. 51. Основната обука ја поминал во Форт Дикс и Форт Робинсон, а по завршувањето станал пешак.Bennett, The Good Life, pp. 52–53. Во јануари 1945 година бил пратен да го обезбедува огромното складиште за логистика во Авр, бил прекомануван на неколку места низ Франција, а подоцна и во Германија. На почетокот од март 1945 година бил на фронтовата линија од она што подоцна ќе биде опишано како „седиште во првиот ред во пеколот“.Bennett, The Good Life, pp. 54–56.

Бенедето останал во Германија како дел од окупаторските сили, но бил назначен за член на музичка група во склоп на специјалните служби која требало да ги забавува американски војници. Настапувал и со други армиски групи, користејќи го псевдонимот Џо Бари, кој почнал да го употребува уште пред војната. Свирел со многу музичари кои ќе имаат повоена кариера.Bennett, The Good Life, pp. 71, 74, 77.

Откако бил ослободен од обврските во армијата и по враќањето во САД во 1946 година, Бенедето со стипендија за воен ветеран студирал во Американското театарско крило. Тој почнал да пее во јавност секаде каде што можел. По предлог од професор од Американското театарско крило, тој додека пеел ги имитирал стилот и фразите на други музичари (како оној на саксофонот на Стен Гец и на пијаното на Арт Тејтум), помагајќи му да импровизира додека интерпретира песна. Тој направил неколку снимки под псевдонимот Џо Бари во 1949 година за мала издавачка куќа под име Leslie Records, но тие не биле заинетересирани.

Во 1949 година, Перл Бејли го препознала талентот на Бенедето и го замолила да биде воведен изведувач на нејзиниот концерт во Гринич Вилиџ. Таа претходно на концертот го поканила и Боб Хоуп. Хоуп решил да го земе Бенедето на неговите концерти и го скратил неговото име во Тони Бенет. Во 1950 година, Бенет го снимил демото за „Boulevard of Broken Dreams“ и потпишал со издавачката куќа „Колумбија рекордс“.

1951–1954: Први успеси во кариерата лево|мини| Бенет (десно) со колумнистот и водител од Чикаго Ирв Капсинет во текот на 1950-тите По успехот со синглот The Boulevard of Broken Dreams, Бенет брзо станал еден од најпопуларните пејачи во САД. Негов прв голем хит бил „Beacuse of you“, балада продуцирана од Мич Милер. Песната стигнала до прво место на поп-листите во 1951 година и била продаена во над милион копии. Подоцна истата година со песната „Cold, Cold Heart“ од Хенк Вилијамс, Бенет повторно се искачил на прво место на топ-листата. Со снимањето на песната „Blue Velvet“ Бенет станал многу популарен и многу негови тинејџерски обожаватели ги посетувале концертите во познатиот театар „Парамаунт“ во Њујорк и на други места. Со песните „Rags to Riches“ (1953) и „Stranger in Paradise“ (1953) тој повторно се искачил на прево место на топ-листата во САД.

Со започнување на ерата на рокенролот во 1955 година, се променила и динамиката на музичката индустрија и било сѐ потешко етаблираните поп-пејачи да ја одржат популарноста. Сепак, Бенет продолжил со неговиот успех и во втората половина од 1950-тите имал осум песни во на Билборд.Whitburn, The Billboard Book of Top 40 Hits, p. 35.

1955–1965: Подем на популарноста Во 1955 година Бенет го издал неговиот прв албум, Cloud 7. Албумот ја покажал наклонетоста на Бенет кон џезот. мини|Бенет (десно) со композиторот Харолд Арлен, на проба за телевизиската програма Дваесеттиот век во 1964 година На албумот „The Beat of My Heart“ од 1957 година свиреле добро познати џез музичари како Херби Ман и Нат Адерли. Албумот бил и популарен и бил високо оценет од критиката. Потоа, Бенет почнал да соработува со со оркестарот од Каунт Бејзи и станал прв поп-пејач кој пеел со бендот на Бејзи. Албумите Basie Swings, Bennett Sings (1958) и In Person! (1959) биле плод на оваа соработка.

Бенет стекнал репутација како изведувач во ноќни клубови; тој го следел примерот на Синатра и другите врвни џез и стандардни пејачи од ова време. Во јуни 1962 година, Бенет одржал концерт во Карнеги Хол со многу музички ѕвезди како: Ал Кон, Кени Бурел, Кандидо, како и триото Ралф Шерон. Ниту еден (машки) поп-пејач немал одржано концерт во Карнеги Хол дотогаш (само Џуди Гарланд една година пред тоа).Bennett and Friedwald, p. 167

Во 1962 година Бенет ја објавил песната „I Left My Heart in San Francisco“. Песната била напишана пред една деценија и првично била напишана за оперски пејач. Истоимениот албум се пласирал во топ-5 на топ-листата од Билборд. Бенет за песната добил Греми награди за запис на годината и за најдобра машка соло-изведба. Со текот на годините, песната станала една од најпознатите песни на Бенет. Во 2001 година, песната била рангирана на 23-то место на листата од RIAA/NEA за историски најзначајните песни од 20-от век. Бенет бил номиниран за Греми и за: I Wanna Be Around (1963), Who Can I Turn To (1964) и The Shadow of Your Smile (1965).

Неговиот обид да се пробие во фимот со улога во слабо примениот филм „Оскар“ од 1966 година наишол на мешани критики за Бенет; снимањето на филмот не му било интересно и не барал други улоги понатаму.Bennett, The Good Life, p. 186.

1965–1979: Години на застој во кариерата лево|мини| Бенет настапува во 1966 година Ралф Шерон и Бенет се разделиле во 1965 година. Бенет го исполнил барањето на неговата издавачка куќа да снима современа поп-музика. Таков бил примерот со Tony Sings the Great Hits of Today! (1970), а пред снимањето на албумот Бенет се разболел од самата помисла да снима. На албумот имало преработки од Битлси и други актуелни песни.Friedwald, Jazz Singing, p. 397.

Во 1972 година тој заминал од Колумбија и потпишал за MGM Records. Тој не добил постојан договор за снимање откако MGM објавиле два релативно неуспешни албума.Evanier, All the Things You Are, p. 200.

Бенет ја основал неговата издавачка куќа, Improv, со која снимил два високо ценети албуми: The Tony Bennett/Bill Evans Album (1975) и Together Again (1976). Сепак, Improv немала договор за дистрибуција со голема издавачка куќа и во 1977 година компанијата пропаднала.

Кон крајот на деценијата, Бенет немал договор за снимање, немал менаџер и немал многу концерти вон Лас Вегас. Тој станал зависник од дрога, трошел повеќе отколку што заработувал, а даночните власти се обидувале да му ја конфискуваат куќата во Лос Анџелес.

1979–1989: Пресврт Откако за малку ќе умрел од предозирање со кокаин во 1979 година, Бенет напомош ги повикал неговите синови Дени и Деј. „Видете, овде сум изгубен“, им рекол тој. „Изгледа луѓето не сакаат да ја слушаат музиката што ја правам“.

Била основана музичката група на Дени и Деј, Quacky Duck and His Barnyard Friends, а Дени сфатил дека нема талент за музика но дека се разбира од водење бизнис. Неговиот татко, од друга страна, имал огромен музички талент, но не успевал да заработи од тоа. Дени станал менаџер на татко му.

Дени ги ставил под контрола трошоците на татко му, Бенет се преселил во Њујорк и почнал да настапува по колеџи и мали театри. Успеал да го плати даночниот долг. Бенет исто така почнал да соработува со Ралф Шерон кој станал негов пијанист и музички директор (соработката траела до пензионирањето на Шерон во 2002 година). Во 1986 година, Тони Бенет повторно потпишал за Columbia Records и го издал албумот The Art of Excellence. Ова бил прв негов албум кој се пласирал на топ-листите од 1972 година.

Тематската песна на Хенри Мансини „Life in a Looking Glass“ од филмот од Блејк Едвардс „Таков е животот“ (That's Life!) (1986), испеана од Бенет, добила номинација за Оскар за најдобра оригинална песна.

1990–2006: Подоцнежна кариера лево|мини| Бенет во Балтимор, 1995 година На почетокот од 1990-тите Бенет продолжил да снима албуми, прво го објавил ретроспективниот Astoria: Portrait of the Artist (1990), а потоа омажот за Синатра Perfectly Frank (1992) и омажот за Фред Астер Steppin' Out (1993). Последните два албума му донеле на Бенет Греми за најдобра традиционална поп вокална изведба.

Обновената популарност на Бенет кулминирала во 1994 година со појавувањето на MTV Unplugged. Емисијата била целосен џез-концерт со рок и кантри-ѕвездите Елвис Костело и k.d. lang и привлекла значително медиумско внимание. Албумот од емисијата, MTV Unplugged: Tony Bennett, станал платинест. Бенет трета година по ред освоил Греми за најдобра традиционална поп вокална изведба, а исто така освоил Греми-награда за албум на годината.