Финалето на Европското првенство 2024 бил фудбалски натпревар одигран на 14 јули 2024 година на Олимпискиот стадион во Берлин, со кој се одредил победникот на Европското првенство 2024 одржано во Германија. Во ова, 17-то по ред финале во историјата на Европските првенства, играле Шпанија и Англија.
Шпанија победила во ова финале со 2-1, со головите во второто полувреме на Нико Вилијамс и Микел Ојарсабал, а помеѓу двата гола на шпанците, Кол Палмер погодил за Англија за да израмни на моментални 1-1. Ојарсабал, кој во игра влегол во 68-мата минута на местото на капитенот Алваро Мората, погодил во 86-тата минута и неговиот гол се покажал победнички за Шпанија.
Со овој успех, Шпанија стигнала до четвртата титула на Европските првенства, после победите во 1964, 2008 и 2012, со што ја надминале по бројот на титулите и станале единствени рекордери.
Од друга страна, Англија била четвртата репрезентација која играла во финале на две Европски првенства по ред, но и првата која загубила и во двете.
Репрезентации РепрезентацииПретходно одиграни финалиња (во болд се добиените финалиња)4 (1964, 1984, 2008, 2012)1 (2020)
Стадион
Финалето се одржало на Олимпискиот стадион во Берлин, Германија, лоциран во Вестенд во околијата Шарлотенбург-Вилмерсдорф. На 27 септември 2018 година, УЕФА објавила дека турнирот во 2024 година ќе се одржи во Германија, откако тие ја победиле Турција во гласањето за избор на домаќини во Нион, Швајцарија. Така, Олимпискиот стадион во Берлин бил избран за место на кое ќе се игра финалето на турнирот од страна на Извршниот комитет на УЕФА во мај 2022 година, каде исто било објавено дека ќе биде домаќин и на три натпревари од групната фаза, осминафинален натпревар и четвртфинален натпревар.
Олимпискиот стадион бил отворен во 1936 година на Олимпијапарк Берлин кој служел специјално за Летните олимписки игри 1936. Стадионот е во сопственост на локалната самоуправа на Берлин и е домашен стадион на фудбалскиот клуб Херта Берлин од 1963 година. Германската репрезентација, исто така, повремено ги игра своите домашни натпревари на овој стадион. Олимпискиот стадион во Берлин, исто така, бил домаќин на неколку значајни натпревари, вклучително и неколку натпревари на Светските првенства 1974 и 2006, од кои на второто тука се одиграло и финалето помеѓу Италија и Франција кој е особено познат по неславниот удар со глава на француската суперѕвезда и капитен Зинедин Зидан во градите на италијанските дефанзивец Марко Матераци што резултирало со тоа првиот да добие директен црвен картон во неговиот последен официјален натпревар во кариерата; Италија го добила натпреварот по изведување пенали со 5–3. Понатаму, стадион бил место на кое се одиграло секое финале на Купот на Германија од 1985 година, служел како место на кое било отворено Светското првенство за жени 2011 и еднаш досега бил домаќин на финале на Лигата на шампионите, тоа се случило во 2015 година, кога противници биле Барселона и Јувентус.
Патот до финалето Шпанија Рунда Англија Противници Резултат Групна фаза Противници Резултат 3–0 Натпревар 1 1–0 1–0 Натпревар 2 1–1 1–0 Натпревар 3 0–0 Победник на Група Б Репрезентација1.9 3 3 0 0 5 0 +52.4 3 1 1 1 3 3 03.2 3 0 2 1 3 6 -34.0 3 0 1 2 3 5 -2 Завршен поредок Победник на Група Ц Репрезентација1.5 3 1 2 0 2 1 +12.3 3 0 3 0 2 2 03.3 3 0 3 0 2 2 04.2 3 0 2 1 1 2 -1 Противници Резултат Нокаут фаза Противници Резултат 4–1 Осминафинале 2–1 2–1 Четвртфинале 1–1 2–1 Полуфинале 2–1
Натпреварот Преглед Натпреварот започнал доста мирно без поголеми возбудувања во првите минути. Шпанците очекувано имале иницијатива на стартот од финалето. Во воведните минути се играло на половината на Англичаните, но бесконечните додавања на „фуријата“ не донеле некое поголемо возбудување. Постепено, Англија се ослободила од притисокот на Шпанците и натпреварот преминал во фаза на мирна игра и на затворена тактичка битка без премногу идеи и добро обработени акции за било која од двете екипи. Во првото полувреме, имало четири удар за Шпанците и три за Англичаните, но само еден од тие удари бил во рамките на голот, а го испратил Фил Фоден во самата завршница на првото полувреме, но тој бил многу млак и лесно одбранет од шпанскиот голман Унаи Симон.
Во соблекувалната шпанскиот селектор добил лоша вест, бидејќи еден од најдобрите негови фудбалери, Родри, кој подоцна бил избран и за најдобар играч на првенството, се пожалил на повреда и не беше во можност да го продолжи финалето, по што бил заменет на полувремето од Мартин Субименди. Сепак, тоа не ги погодило премногу Шпанците кои вториот дел го отвориле одлично – со гол по само две минути игра после паузата. Дани Карвахал го пронашол Ламин Јамал, кој го оставил зад себе Лук Шо, и доставил прецизна топка за Нико Вилијамс кој со хируршки прецизен дијагонален удар го совладал Џордан Пикфорд. По голот, Шпанците имале уште неколку ситуации од кои можеле да го зголемат водството, најдобрата ја имал Јамал но Пикфорд одлично одбранил и ја оставил својата репрезентација во игра. Во 70-тата минута, во игра за Англија влегол Кол Палмер на местото на Коби Мејну, и токму тој три минути подоцна погодил за израмнување на 1-1. Голот дошол по една контра, топката стигнала до Џуд Белингам, кој ја вратил на работ од шеснаесеттникот до Палмер кој со низок прецизен удар го совладал Симон. По израмнувањето играта во Берлин се вжештила, шансите се ределе пред двата гола, а во таквата игра подобро се снашле Шпанците, кои преку својот резервист Микаел Ојарсабал, кој во 68-мата минута го заменил капитенот Алваро Мората, стигнале до нов погодок и второ водство (2-1). Ојарсабал одиграл одлично двојно проигрување со Марк Кукуреља, кој со ниско додавање го пронашол напаѓачот на кого не му било тешко од блиску да ја смести топката во мрежата на Пикфорд. На самиот крај, Англија пробала да израмни и била близу кога уште еден играч кој се појавил во игра од клупата Ајван Тони, шутирал со глава, но неговиот удар на гол линијата го избил Дани Олмо за да нема промена на резултатот. Шпанија победила со 2-1.
Детали
GK 23Унаи СимонRB 2 Дани КарвахалCB 3 Робин Ле Норман CB 14Емерик ЛапортLB 24Марк КукурељаCM 16Родри CM 8 Фабијан РуисRW 19Ламин Јамал AM 10Дани Олмо LW 17Нико ВилијамсCF 7 Алваро Мората Замени:MF 18Мартин Субименди FW 21Микел Ојарсабал DF 4 Начо MF 6 Микел Мерино Селектор:Луис де ла Фуенте GK 1 Џордан ПикфордCB 2 Кајл ВокерCB 5 Џон Стоунс CB 6 Марк ГехиRM 7 Букајо СакаCM 26Коби Мејну CM 4 Деклан РајсLM 3 Лук ШоAM 11Фил Фоден AM 10Џуд БелингамCF 9 Хари Кејн Замени:FW 19Оли Воткинс MF 24Кол Палмер FW 17Ајван Тони Селектор:Гарет Саутгејт
Играч на натпреварот: Нико Вилијамс (Шпанија)
Помошни судии: Сирил Муњие Мехди Рамуни Четврти судија: Шимон Марцињак Video assistant referee: Жером Брисар Помошни VAR судии: Вили Делажо Масимилијано Ирати |}Правила 90 минути 30 минути продолженија ако е потребно Изведување пенали ако резултатот е нерешен Најмногу петнаесет резервни фудбалери се дозволени Максимално се дозволени пет замени, со можност за шеста ако натпреварот стигне до продолженија Максимално се дозволени три интервали за извршување на замените, со можност за четврти ако натпреварот стигне до продолженија
Статистика
+Прво полувремеСтатистикаШпанијаАнглијаГолови00Вкупно удари53Удари во рамка01Одбрани10Посед на топка66%34%Корнери61Извршени прекршоци62Офсајди00Жолти картони11Црвени картони00
+Второ полувремеСтатистикаШпанијаАнглијаГолови21Вкупно удари106Удари во рамка52Одбрани13Посед на топка59%41%Корнери41Извршени прекршоци53Офсајди10Жолти картони02Црвени картони00
+ВкупноСтатистикаШпанијаАнглијаГолови21Вкупно удари159Удари во рамка53Одбрани23Посед на топка63%37%Корнери102Изрвшени прекршоци115Офсајди10Жолти картони13Црвени картони00
Наводи
Надворешни врски
Финале Категорија:Фудбалски натпревари на шпанската репрезентација Категорија:Фудбалски натпревари на англиската репрезентација