Орчуша ( или Orqusha; ) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот Округ, јужно Косово. Населението брои 93 жители (2024), сочинето од Горанци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Гора, на десната страна од реката Плава, високо на планината Коритник, на надморска височина од 950 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Албанија, на која се наоѓа граничниот премин Оргоста-Орчуша.
Историја Селото Орчуша се споменува како селиште под името ωрчюша̀ во грамота на царот Стефан Душан од 1348-1352 година, издадена од манастирот „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ во Призрен.Шафарик, Jанко. Хрисовоула цара Стефана Душана: коиом оснива монастир Св. Архангела Михаила и Гаврiйла у Призрену године 1348?, Београд, 1862, с. 21.
По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Орчуша (О̀рчуша) било македонско село со 64 куќи.Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.
Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Орчуша (Орчища) било село со 80 куќи на Македонци муслимани.Поверителен рапорт №54 на Сребрен Поппетров
Ова село го носи истиот ојконим како мавровско-ростушкото село Орќуше во Македонија, но малку поинаква дијалектна варијанта.
Население Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 јужнословенски муслимани (Горанци).
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години: Година1948195319611971198119912011Население41537039643142722160
Културни и природни знаменитости Џамии
Џамија — главна селска џамија
Поврзано Гора
Наводи
Категорија:Гора Категорија:Населени места во Косово Категорија:Драгаш Категорија:Горански населби во Косово