мини|180п|Четири ковалентни врски. Јаглеродот има четири валентни електрони и овде валентност четири. Секој водороден атом има еден валентен електрон и е невалентен.

Валентни електрони — електрони во надворешната обивка на еден атом и учествуваат во образувањето на хемиска врска ако надворешната обвивка не е затворена. Кај една ковалентна врска, заедничкиот пар е образуван од двата атома на врската, каде секој од нив учествува со по еден валентен електрон.

Присуството на валентни електрони ги одредува хемиските својства на елементот како неговата валентност (дали се врзува до други елементи), колку лесно и со колкав број. Така, реактивноста на дадениот елемент е мошне зависна од неговата електронска конфигурација. Кај елементите од главната група валентниот електрон може да постои само во надворешната електронска обвивка; кај преодните метали валентниот електрон може да биде во внатрешна обвивка.

Еден атом со затворена обвивка на валентни електрони (како што е конфигурацијата на благородните гасови) е хемиски инертен. Атомите со еден или два валентни електрона повеќе од затворената обвивка се високореактивни поради релативно ниска енергија на одземање на дополнителните валентни електрони при создавање на позитивен јон. Атомот со еден или два електрона помалку од затворената обвивка е реактивен поради неговата тенденција да ги прими отсутните валентни електрони и да образува негативен јон, или да ги сподели валентните електрони и да создаде ковалентна врска.

Слично на внатрешниот електрон, валентниот електрон е способен да впие или ослободи енергија во облик на фотон. Стекнатата енергија предизвикува преместување (скок) на електронот во надворешната обвивка; ова се нарекува атомско возбудување. Електронот може и да се ослободи од обвивката на неговиот атом; ова е јонизација која создава позитивен јон. Кога електронот ќе ослободи енергија (со што предизвикува оддавање на фотон), тогаш може да се премести во внатрешна обвивка која не е сосема пополнета.

Преглед

Електронска конфигурација

Електроните кои ја одредуваат валентноста (како атомот реагира) се оние со највисока енергија.

Кај елемент од главната група, валентните електрони се дефинираат како оние електрони сместени во електронска обвивка со најголем главен квантен број n. Така, бројот на валентни електрони што може да го имаат на прост начин зависи од електронската конфигурација. На пример, електронската конфигурација на фосфорот (P) е 1s2 2s2 2p6 3s2 3p3, па така има 5 валентни електрони (3s2 3p3), што значи највисока можна валентност на P од 5 како во молекулата PF5; оваа конфигурација обично се скратува како [Ne] 3s2 3p3, каде [Ne] ги означува внатрешните електрони чија конфигурација е идентична со онаа на благородниот гас неон.

Меѓутоа, преодните елементи имаат (n−1)d енергетски нивоа кои енергетски се многу блиску до нивото n.The order of filling 3d and 4s orbitals. chemguide.co.uk Така, за разлика од елементите од главната група, валентниот електрон на преоден метал се дефинира како електрон сместен вон внатрешноста на благородните гасови.Miessler G.L. and Tarr, D.A., Inorganic Chemistry (2nd edn. Prentice-Hall 1999). p.48. Со тоа, d-електроните кај преодните метали се однесуваат како валентни електрони иако не се во надворешната обвивка. На пример, манганот (Mn) има конфигурација 1s2 2s2 2p6 3s2 3p6 4s2 3d5; се скратува како [Ar] 4s2 3d5, каде [Ar] ја означува внатрешната идентична на онаа на благородниот гас аргон. Во овој атом, 3d-електрон има енергија слична на онаа на 4s-електрон, а многу повисока од 3s- и 3p-електронот. Има можност за седум валентни електрони (4s2 3d5) вон аргоноликата внатрешност; ова одговара на фактот што манганот може да има оксидациска состојба до +7 (во перманганатниот јон: ). (Но самото поседување на тој број валентни електрони не значи дека мора постои таква оксидациска состојба. На пример, флуорот не се среќава оксидациска состојба +7; и иако најголемиот можен број на валентни електрони е 16 кај итербиумот и нобелиумот, не е позната состојба повисока од +9 за било кој елемент.)

Што е подесно елементот во секоја преоднометална низа, тоа пониска е енергијата во електронот на d-подобвивката и истиот има помалку валентни својства. Затоа, иако во принцип никеловиот атом има денес валентни електрони (4s2 3d8), неговата оксидациска состојба не надминува четири. Кај цинкот, 3d-подобвивката е пополнета кај сите познати соединенија, иако во некои соединенија придонесува кон валентниот појас. Similar patterns hold for the (n−2)f energy levels of inner transition metals.

Бројот на валентни електрони

Бројот на валентни електрони на еден елемент се одредува според групата (вертикален столб) во која е категоризиран. Кај групите 1–12, бројот на групата одговара на бројот на валентни електрони; кај групите 13–18, само последната цифра го изразува бројот на валентни електрони (хелиумот е единствен исклучок.)

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 1 H1 He2 2 Li1 Be2 B3 C4 N5 O6 F7 Ne8 3 Na1 Mg2 Al3 Si4 P5 S6 Cl7 Ar8 4 K1 Ca2 Sc3 Ti4 V5 Cr6 Mn7 Fe8 Co9 Ni10 Cu11 Zn12 Ga3 Ge4 As5 Se6 Br7 Kr8 5 Rb1 Sr2 Y3 Zr4 Nb5 Mo6 Tc7 Ru8 Rh9 Pd10 Ag11 Cd12 In3 Sn4 Sb5 Te6 I7 Xe8 6 Cs1 Ba2 La3 Ce4 Pr5 Nd6 Pm7 Sm8 Eu9 Gd10 Tb11 Dy12 Ho13 Er14 Tm15 Yb16 Lu3 Hf4 Ta5 W6 Re7 Os8 Ir9 Pt10 Au11 Hg12 Tl3 Pb4 Bi5 Po6 At7 Rn8 7 Fr1 Ra2 Ac3 Th4 Pa5 U6 Np7 Pu8 Am9 Cm10 Bk11 Cf12 Es13 Fm14 Md15 No16 Lr3 Rf4 Db5 Sg6 Bh7 Hs8 Mt9 Ds10 Rg11 Cn12 Nh3 Fl4 Mc5 Lv6 Ts7 Og8

Хелиумот е исклучок: иако има конфигурација 1s2 со два валентни електрона, а со тоа и извесни сличности со земноалкалните метали со нивните валентни конфигурации ns2, неговата обвивка е сосем полна и затоа е многу инертен, па затоа седи во групата 18 заедно со благородните гасови.

Валентна обвивка Валентната обвивка е збир од орбитали енергетски достапни за да прифатат електрони и да создадат хемиски врски.

Кај елементите од главата група, валентната обвивка се состои од ns и np орбитали во надворешната електронска обвивка. Кај преодните метали орбиталите се непотполни (n−1)d-подобвивката е вклучена, а кај лантаноидите и актиноидите непотполни (n−2)f and (n−1)d подобвивки. Дадените орбитали можат да бидат во внатрешна обвивка и не сите соодветствуваат на истаата електронска обвивка или главен квантен број n во даден елемент, туку сите имаат слична енергија.

Вид на елементВодород и хелиумs- и p-блок(главна група)d-блок(преодни метали)f-блок(лантаноиди и актиноиди)Валентни орбитали 1s ns np ns (n−1)d np ns (n−2)f (n−1)d npБроењедуетно правилооктетно правило18-електронско32-електронско

По општо правило, елемент од главната група (освен вородород и хелиумот) реагира образувајќи електронска конфигурација s2p6. Оваа склоност е наречена октетно правило бидејќи секој сврзан атом има 8 валентни електрони вклучувајќи ги заедничките. Слично на тоа, преодниот метал тежнее да реагира образувајќи електронска конфигурација d10s2p6. Оваа склоност е наречена 18-електронско правило бидејќи секој сврзан атом има 18 валентни електрони вклучувајќи ги заедничките.

Тешките елементи од групата 2 како калциумот, стронциумот и бариумот можат да се служат и со (n−1)d-подобвивката, што им дава сличности со преодните метали.

Хемиски реакции

The number of валентни електрони in an atom governs its врзувачко поведение. Therefore, elements whose atoms have the same number of валентни електрони are often grouped together in периодниот систем of the elements, especially if they also have the same types of valence orbitals.

Најреактивниот вид на метален елемент е алкален метал од групата 1 (на пр. натриум или калиум); причината за ова е тоа што таквиот атом има само еден валенетен електрок. При образувањето на јонска врска, што ја дава неопходната енергија на јонизација, овој едновалентен електрон лесно се ослободува создавајќи позитивен јон (катјон) со затворена обвивка (на пр. Na+ or K+). Земноалкален метал од групата 2 (на пр. магнезиум) е нешто малку реактивен бидејќи секој атом мора да ослободи два валентни електрона за да создаде позитивен јон со затворена обвивка (на пр. Mg2+).

Во секоја група (столб на периодниот систем) на метали, реактивноста се зголемува на секој понизок ред на табелата (од полесен кон потежок елемент) бидејќи потешкиот елемент има повеќе електронски обвивки од полесниот; валентните електрони на потешкиот елемент се наоѓаат во повисоки главни квантни броеви (подалеку се од атомското јадро, и затоа со повисоки потенцијални енергии, што значи дека е се толку цврсто сврзани).

Неметалните атоми привлекуваат дополнителни валентни електрони за да ја исполнат валентната обвивка; ова може да се постигне на два начина: атомот може да дели електрони со соседниот атом (ковалентна врска), или пак да одземе електрони од друг атом (јонска врска). Најреактивниот вид на неметален елемент е халоген (на пр. флуор (F) или хлор (Cl)). Таквиот атом ја има следнава електронска конфигурација: s2p5; тука треба само уште еден валентен електрон за да се образува затворена обвивка. За да се образува јонска врска, халогенскиот атом може да одземе електрон од друг атом за да создаде анјон (на пр. F−, Cl− итн.). За да образува ковалентна врска, еден електрон од халогенот и еден од друг атом образуваат заеднички пар (на пр. во молекулата H–F, линијата означува заеднички пар на валентни електрони, еден од H и еден од F).

Во секоја група на неметали реактивноста се намалува со секој подолен ред на периодниот исстем (од полесен кон потежок) бидејќи валентните електрони имааат последователно повисоки енергии и така последователно послабо врзани. Впрочем, кислородот (најлесниот елемент од групата 16) е најреактивниот неметал по флуорот, иако не е халоген, бидејќи валентните обвивки на потешките халогени имаат повисоки главни квантни броеви.

Во прости случаи каде важи октетното правило, валентноста на еден атом е еднаква на бројот на примени, ослободени или споделени електрони за да образуваат стабилен октет. Меѓутоа, постојат многу молекули кои се исклучоци и чија валентност не е толку строго дефинирана.

Електрична спроводливост Валентните електрони исто така е одговорни за сврзувањето на чистите хемиски елементи, и дали нивната електрична спроводливост има карактеристика на метал, полуспроводник или изолатор.

Металните елементи начелно имаат висока електрична спроводливост кога се во цврста состојба. Во секој ред на периодниот систем, металите стојат лево од неметаалите, и затоа металот има помалку можни валентни електрони од неметалот. Меѓутоа, валентниот електрон на еден метален атом има мала енергија на јонизација, и во цврста состојба овој валенетен електрон релативно слободно напушта еден атом за да се присоедини кон друг соседен атом. Оваа ситуација е одлика на метално сврзување. Таквиот „слободен“ електрон може да се премести под влијание на електрично поле, а неговото движење е електрична струја; тој е одговорен за електричната спроводливост на металот. Бакарот, алуминиумот, среброто и златото се примери за добра спроводливост.

Неметалниот елемент има ниска електрична спроводливост и се однесува како изолатор. Ваквите елементи стојат десно на периодниот систем, и имаат валентна обвивка која е барем половина пополнета (исклучок е борот). Енергијата на јонизација е голема; електронот не може лесно да го напушти атомот кога на него ќе се примени електричнои поле, и затоа може да спроведе само многу мало количество струја. Примери за цврсти елементни изолатори се дијамантот (алотроп на јаглерод) и сулфурот. Тие образуваат ковалентно сврзани структури, со ковалентни врски низ целата структура (на пр. кај дијамантот) или со поединечни ковалентни молекули со слаба привлечна сила меѓу нив меѓумолекулски сили (на пр. кај сулфурот). (Благородните гасови остануваат како единечни атоми, но и тие имаат меѓумолекулски привлечни сили кои се посилни надолу по групата: хелиумот врие на −269 °C, а радонот на само −61,7 °C.)