The Chainsmokers ― американско продуцентско дуо и диџеј-група составена од Александар Пол ― Алекс (англ. Alexander "Alex" Pall) и Ендрју Тагарт ― Дру (англ Andrew "Drew" Taggart). Популарност стекнале во 2014 година по објавувањето на синглот „#Selfie“.

Освоиле една Греми-награда, две Американски музички награди, седум Билбордови награди и девет iHeartRadio-награди. Chainsmokers биле диџеи со највисока заработка во светот во 2019 година според Форбсовиот „Список на славни личности со највисока заработка“, со што по шест години го симнале Калвин Харис од престолот.

Кариера

2012: Основање The Chainsmokers на почетокот биле составени од Пол и Рет Бикслер. Во 2012 година, Бикслер ја напуштил групата и менаџерот на групата Адам Алперт бил принуден да бара замена. Неговиот асистент го известил Ендрју Тагарт, диџеј од Мејн и практикант во Интерскоп рекордс, за слободното место по заминувањето на Бикслер. По ова, Тагарт се преселил од Мејн во градот Њујорк.

Групата почнала да прави ремикси од инди-групи. Во 2012 година, тие соработувале со индиската глумица и пејачка Пријанка Чопра и со неа го објавиле синглот „Erase“.

2013–2014: Пробив на музичката сцена мини|Логото на групата пред 2015 година Прв настап во живо на групата бил како предгрупа за Timeflies во септември 2014 година. Нивниот сингл „#Selfie“, објавен бесплатно во декември 2013 година, бил преземен од издавачката куќа Dim Mak Records, која го реиздала во јануари 2014 година и на крајот го стримирала на Republic Records. Групата постигнала огромен успех откако синглот се пласирал на меѓународните топ-листи и се искачила на врвот на американската топ-листа за денс и електронски песни. Пол рекол дека песната „го сменила животот“ за нив двајцата.

Во април 2015 година групата потпишала договор со Disruptor Records, издавачка куќа која била заедничко вложување со Sony Music Entertainment.

2015–2017: Успешни музички изданија мини|Логото од 2015 до 2018 година мини|The Chainsmokers во 2015 година мини|The Chainsmokers на настап во живо на VELD Festival во 2016 година На 23 октомври 2015 година, го издале нивното прво EP, Bouquet, кое ги содржело песните: „New York City“, „Until You Were Gone“, „Waterbed“, „Good Intentions“ и „Roses“.

Нивниот следен сингл, „Don't Let Me Down“ (во соработка со пејачката Даја), бил објавен на 5 февруари 2016 година. За овој сингл групата добила Греми-награда. На 19 март 2016 година, дуото настапи на фестивалот Ultra Music и за време на настапот диџеите јавно се изјаснале дека не го поддржуваат американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. На 1 април, групата го објавила синглот „Inside Out “, со учество на шведскиот пејач Чарли (Charlee). На 29 јули 2016 година, тие го издале синглот „Closer“ со пејачката Холзи, кој се искачил на прво место на топ-листите во САД, Велика Британија и во 11 други земји. Нов сингл на групата, „All We Know“, со пејачката Фиби Рајан, бил објавен во септември 2016 година.

Во октомври 2016 година, The Chainsmokers биле рангирани на 18-то место на годишната листа од Топ-100 диџеи според списанието DJ Magazine, што било напредување за речиси 80 ​​места (од 97-мо во 2014 година). На 4 ноември 2016 година го објавиле нивното второ ЕР, Collage.

На 3 јануари 2017 година, The Chainsmokers објавиле ексклузивен тригодишен договор со Wynn Nightlife. Според потпишаниот договор, групата до 2019 година требало да настапува само во ноќните клубови во сопственост на Wynn, XS Las Vegas и Encore Beach Club. Пол договорот го опишал како „најдоброто што може да го понуди Лас Вегас“ и навел дека тие биле „воодушевени“ со договорот.

На 13 јануари 2017 година, групата го објавила синглот „Paris“ и истиот ден навеле дека работат на нивниот прв студиски албум, кој требало да биде издаден во април. Заеднички сингл со Колдплеј, „Something Just Like This“, бил објавен во февруари 2017 година. „Something Just Like This“ го соборил рекордот за најмногу прегледи во еден ден за видео со текст, имало вкупно 9 милиони прегледи. На 27 март 2017 година го издале „The One“ како промотивен сингл од нивниот прв студиски албум.

Албумот Memories...Do Not Open бил издаден на 7 април 2017 година"Father John Misty, Joey Bada$ and 15 More New Albums to Hear Right Now". Rolling Stone. April 7, 2017. Archived from the original on June 25, 2018. Retrieved April 8, 2017. и дебитирал на прво место на Билборд 200. Албумот бил сертифициран со платина во август 2017 година. Истиот месец, тие се нашле на трето место на списокот од Форбс за „Диџеи со највисока заработка во светот за 2017 година“, со вкупна заработка од 38 милиони долари во претходните 12 месеци.

2018–2021: Издавање на албумите Sick Boy и World War Joy и пауза мини|Лого од 2018 до 2021 година На 17 јануари 2018 година, групата го издала синглот под наслов „Sick Boy“, кој станал водечки сингл од нивниот истоимен втор студиски албум. Во март 2017 година, Билборд ги ставил на прво место на нивната ранг-листа на денс-музичари за 2018 година, насловена како Billboard Dance 100.

Дуото ја основало филмската продуцентска компанија Kick the Habit Productions; нивниот менаџер Адам Алперт го поставиле за извршен директор, а Ден Маркус, поранешен агент за дигитални медиуми, станал главен оперативен директор и претседател. Првиот проект продуциран од Kick the Habit Productions бил филм под наслов Париз, инспириран од мултиплатинестата песна од Chainsmokers.

На 14 декември 2018 година, групата го издала вториот студиски албум под наслов Sick Boy. Албумот содржел десет песни кои во текот на 2018 година секој месец биле издавани како синглови. Истиот ден бил објавен и последниот сингл од албумот, „Hope“, во соработка со Винона Оук. мини| The Chainsmokers настапуваат во ноќниот клуб Хакасан во Лас Вегас во 2019 година На 7 февруари 2019 година, The Chainsmokers го објавиле синглот „Who Do You Love“ во соработка со австралиската група 5 Seconds of Summer. На 29 март 2019 година, го објавиле синглот „Kills You Slowly“. World War Joy, третиот студиски албум од Chainsmokers бил објавен на 6 декември 2019 година. На албумот му претходеле 6 сингла постепено издавани во текот на годината (на сличен начин како и нивниот претходен албум, Sick Boy). Албумот дебитирал на прво место на Билбордовата топ-листа за денс и електронски албуми.

На 24 февруари 2020 година, групата објавила дека ќе направи пауза од активноста на социјалните мрежи за да се насочи на нивното „следно поглавје во музиката“.

За време на нивната пауза, групата ја компонирала музиката за филмот Зборови на ѕидовите од бањата (англ. Words on Bathroom Walls). Филмот бил објавен на 21 август 2020 година.

2022 - денес: Најнови музички изданија мини|Лого од 2022 година На 5 јануари 2022 година, на нивната страница на SoundCloud групата ја објавила нивната прва песна по две години. Тоа било ремикс на преработката од Bon Iver на пената „I Can't Make You Love Me“ во оригинална изведба од Бони Рејт.

Албумот So Far So Good бил објавен на 13 мај 2022 година. Третиот пред-издаден сингл од албумот, „ Riptide “, беше објавен на 22 април 2022 година. За разлика од претходните албуми од групата, на овој албум немало ниту еден гостин-музичар. На албумот му претходеле сингловите: „High“, „iPad“ и „Riptide“. На 21 октомври 2022 година, била објавена ремиксирана верзија на албумот, насловена како So Far So Good (Lofi Remixes) со лоу-фај препеви на сите нумери од стандардното издание.

На 20 октомври 2023 година, Chainsmokers објавиле ЕР под наслов Summertime Friends. Во 2023 година, Chainsmokers соработувале со јапонската рок-ѕвезда Јошики и за потребите на документарниот филм Јошики: Под небото (англ. Yoshiki: Under the Sky) ја снимиле класичната верзија од песната „Closer“.

На 29 март 2024 година, Chainsmokers во соработка со бразилскиот продуцент Zerb и со Ink ја објавиле песната „Addicted“. Следувале: „Friday“ (во соработка со Fridayy) на 26 април 2024 година, „Bad Advice“ (во соработка со велшко-канадската пејачка ELIO, „Tennis Court“, „Green Light“ на 10 мај 2024 година и „No Shade At Pitti“ на 15 мај 2024 година. На 10 мај 2024 година објавиле ЕР под наслов No Hard Feelings.

Членови Александар Пол (англ. Alexander "Alex" Pall; роден на 16 мај 1985). Според списанието Билборд, Пол е роден во округот Вестчестер во сојузната држава Њујорк како „син на трговец со уметнички дела и мајка домаќинка“.

Ендрју „Дру“ Тагарт (англ. Andrew Taggart; роден на 31 декември 1989) кој потекнува од Фрипорт, Мејн. Тој е главен текстописец во групата и на некои песни пее и свири на гитара. Се заинтересирал за електронска денс музика на 15-годишна возраст додека живеел во Аргентина, каде што се запознал со музиката на Дејвид Гета, Дафт Панк и Trentemøller.

Мет Мекгваер е тапанар и музички директор во групата за настапи во живо, а моментално настапува со нив кога се на турнеја. Мекгваер, исто така, често се појавува покрај членовите на групата во многу музички спотови.

Дискографија

Memories...Do Not Open (2017) Sick Boy (2018) World War Joy (2019) So Far So Good (2022)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Добитници на MTV Video музички награди Категорија:Добитници на Греми за денс и електронска музика Категорија:Американски ремиксери Категорија:Електронски денс-групи Категорија:Диџеј-групи Категорија:Музички групи основани во 2012 Категорија:Прогресивни хаус-музичари Категорија:Електро-хаус музичари Категорија:Американски клупски диџеи Категорија:Американски електронски музички групи Категорија:Американски денс групи Категорија:Музички групи од Њујорк Категорија:Музички групи основани во 2012 година