Рашела Адижес ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите во Холокаустот.
Животопис Била активна во НОБ од 1941 година. Во 1942 година била член на воспитна, а потоа и скоевска група. Собирала народна помош, изработувала топла облека за борците во НОВ и ПОМ и работела на организирање на македонските еврејки во симпатизерски групи. Во март 1943 година била депортирана од страна на бугарскиот фашистички окупатор во концентрациониот логор Треблинка, Полска и задушена во гасна комора.
Поврзано
Исак Адижес Депортација на Евреите од Македонија
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна