Арсена Андоница Алексоска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Со почеток на вооруженото востание целото нејзино семејство земало активно учествувало во народноослободителното движење. Нејзиниот дом бил партизанска база во кој се одржувале состаноци на сите раководства на масовно-политичките организации и партиската организација од селото. Тука престојувале илегалци и доаѓале партизански курири. Во нејзиниот дом престојувале членовите на Петиот окружен комитет на КПМ, а таа била курир меѓу Месниот Комитет на КПМ - Кичево и Околискиот комитет на КПМ - Кичево. Бидејќи нејзините организаторски способности биле потврдени во текот на војната, есента 1944 година била избрана за претседател на Одборот на АФЖ во селото и била член па Одборот на НОФ и НОО. Во текот на НОВ прифаќала и негувала болни и ранети борци.
Поврзано
Калина Алексоска
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ