Желиште или Желишта — историско село на територијата на Општина Кавадарци, денес во атарот на селото Кесендре.

Географија Селото се наоѓало во областа Раец, кај изворите на Желишка Река. Лежело западно под падината на Бурински Рид, јужно од селото Кесендре.

Историја Селото е доста старо. За првпат се спомнува во грамота на феудалните владетели Јован Драгаш и Константин Драгаш од 1378 година: и єштє приложихъ оу Тиквєшоу... сєло Полошко,... сєло Жєлишта. Турците го нарекувале „Девол Касабаси“. Уништено е од османлиска војска во една буна во средината на XVIII век. Преживеаните жители се преселиле претежно во Кесендре. Во 1920-тите во с. Никодин е забележан родот Новоселци (9 куќи) кој се доселил од Желиште.

Кај изворот на Желишка Река е наоѓалиштето Црквиште каде има населба и некропола од доцната антика.

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Кесендре