мини|Византиски диптих од 506 година Диптих или диптихон ( двојно преклопено) — список на раѓања, крштевки и умрени кај старите христијани. Диптихот исто така означува слика во два дела, на две табли или платна што може да се превиткуваВујаклија М, Лексикон страних речи и израза, Просвета, Београд, 1954.г.Група аутора, Енциклопедија лексикографског завода, Југословенски лексикографски завод, Загреб, 1962.г.
Потекло и изглед на диптихот Во Римското Царство, диптихот претставувал две плочки направени од дрво, слонова коска, метал итн. така споени што може да се преклопат. Плочките одвнатре биле обложени со слој од восок, на кој пишувало со () писалка. Понекогаш диптисите биле украсени однадвор, особено во доцниот царски период и во Византиското Царство. Диптихот првично служел како бележник или потсетник. Таканаречените конзуларни диптиси () (IV-VI век) имале посебна намена, новоименуваните конзули ги известувале своите познаници за денот на отпочнувањето на нивната служба. На овие диптиси редовно бил насликан портретот на конзулот. Во христијанската литургија, се користеле т.н. литургиски диптиси, каде што ликовниот украс бил верска тема. Името диптих се однесува и на олтарните слики, составени од две крила. Оваој облик на олтарно сликарство се развил особено во готиката, по примерот на византиските врежани диптиси од 12 и 13 век кои служеле како икони. Зборот диптих исто така се користи за означување на дела од други гранки на уметноста кои се составени од два концептуално поврзани дела, на пр. два релјефи, две песни и сл.
Наводи
Категорија:Уметност Категорија:Религија Категорија:Култура Категорија:Грцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ