1461 () — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1461 година од новата ера, 461. од вториот милениум, 61. од XV век и втора од 1460-тите.

Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6969 и 6970 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6211 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5221 и 5222 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2214.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1461 година се протега во 4097 и 4098, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4157 и 4158 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2004. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 865 и 866 исламска година. Настани Јануари - декември 2 февруари - Битка на Мортимеровиот крст: Јоркските трупи предводени од Едвард, војводата од Јорк ги поразуваат силите на Ланкастер на чело со Овен Тјудор и неговиот син Џаспер Тудор. 17 февруари - Втора битка на Сент Олбанс, Англија: Силите на Ричард Невил се поразени од страна на силите на Ланкастер на чело со Маргарита Анжујска. 4 март - Војводата од Јорк го зазема Лондон и се прогласува за крал како Едвард IV. 5 март - Војна на розите: Хенри VI е соборен од Едвард IV. 29 март - Битка кај Тотон: Едвард IV ги поразува силите на кралицата Маргарет. 10 јули - Стивен Томашевиќ станува последен крал на Босна, по смртта на неговиот татко. Тој е крунисан на 17 ноември, во црквата Света Марија, Јајце. 28 јуни - Едвард е крунисан како Едвард IV, крал на Англија (владее до 1483). Јули - Византискиот генерал Грацис Палеолог го предава замокот Салменико, последниот гарнизон на Морејското Деспотство на османлиските сили. 22 јули - Луј XI го наследува Шарл VII (владее до 1483). 15 август - Трапезунтското Царство, последното големо византиско царство, е освоено од Отоманското Царство на чело со Мехмед II, по 21-дневна опсада. 15 август - во Ремс, Луј XI бил крунисан во крал на Франција. 26 ноември - Земјотрес го погодува градот Л’Аквила.

Непозната дата Основана е Сајренчестерската школа. Леонардо да Винчи и Сандро Ботичели стануваат студенти на Андреа дел Верокио. Сараево, главен град на Босна и Херцеговина, е основан од Отоманците. Франсоа Вилон го пишува „Le Grand Testament.“.

Родени 6 февруари - Ѓоре Држиќ, хрватски поет и драматург (п. 1501) 19 февруари - Доменико Гримани, италијански благородник (п. 1523) 11 март - Диего Хуртадо де Мендоса, шпански благородник (п.1531) 3 април - Ана де Божу, француски регент, најстара ќерка на Луј XI (п. 1522) 3 мај - Рафаеле Риарио, италијански кардинал (п. 1521) 25 мај - Заноби Ачијаиоли, библиотекар на Ватикан (п. 1519) 5 август - Александар Јагелонски, крал на Полска (п. 1506) 15 септември - Јакопо Салвијати, италијански политичар и зет на Лоренцо де Медичи (п. 1533) 1 октомври - Амалија фон Бранденбург, грофицата на Палатин(1481) 28 декември - Лудвика Савојска, калуѓерка (п. 1503) непозната дата Алесандро Алесандри, италијански правник (п. 1523) Николас Вест, англиски бискуп и дипломат (п. 1533)

Починале 2 февруари - Овен Тјудор, велшкиот основач на династијата Тјудор (погубен) 28 март - Џон Клифорд, англиски политичар (во битка) 29 март Хенри Перси, трет ерл од Нортамберленд (во битка) (1421) 8 април - Георг фон Пуербах, австриски астроном (р. 1423) 15 мај - Доменико Венецијано, италијански сликар (р. 1410) 22 јули - Шарл VII Победникот, француски крал од династијата Валоа (р. 1403) 21 септември - Софија Холшаниска, кралица на Полска (р. 1405) 23 септември - Карло IV Наварски, крал на Навара (р. 1421) 7 октомври - Жан Потон де Сентрај , следбеник на Јованка Орлеанка (р. 1390) 6 ноември - Џон Мовбреј, војвода од Норфолк (р. 1415) непознато - Антоан де ла Сал, француски писател (р. 1385)

Надворешни врски

61461