Австралиска Плоча — голема тектонска плоча на источната и, во голема мера, јужната полутопка. Австралија првобитно била дел од древниот континент Гондвана, и останала поврзана со Индиската и Антарктичката сè до пред 100 милиони години кога Индија се отцепила и почнала да се движи на север. Австралија и Антарктикот почнале да се раседуваат пред 96 милиони години и потоа целосно се одвоиле, пред 60 милиони години, а можеби и пред 45.
Плочата подоцна се соединила со соседната Индиска Плоча под Индискиот Океан, образувајќи една Индоавстралиска Плоча. Меѓутоа, поновите изучувања покажуваат дека двете плочи повторно се одвоиле пред околу 3 милиони години или порано. Австралиската Плоча го опфаќа континентот Австралија (заедно со Тасманија), како и делови од Нова Гвинеја, Нов Зеланд и Индискиот Океан.
Австралиската Плоча, на која лежи Австралија, се движи побргу од другите плочи. Движењето изнесува 6,9 см годишно во северозападен правец и мало свртување вдесно. Стручњаците го прилагодуваат глобалниот положбен систем (ГПС) поради ова движење, кое е побрзо на извесни места."Australia Is Not as Down Under as Everyone Thinks It Is" by Michelle Innis, September 23, 2016, NY Times. Гледајќи ги Индија и Австралија во нивните средишта, Австралија моментално се движи 3 см годишно кон Индија, што одговара на подрачјето на изобличување помеѓу двете плочи.
Опфат Континенталната кора на плочата ја опфаќа цела Австралија, Карпентарискиот Залив, јужна Нова Гвинеја, Арафурско Море и Коралното Море. Ги опфаќа и северозападен Нов Зеланд, Нова Каледонија и Фиџи. Океанската кора го зафаќа југоисточниот дел на Индискиот Океан, Тасмановото Море и Тиморското Море. Австралиската Плоча се граничи (од лево надесно) со Евроазиската, Филипинската, Тихоокеанската, Антарктичката, Африканската о Индиската Плоча. Меѓутоа, познато е дека оваа дефиниција на Австралиската Плоча е за 20 % помалку точна од дефиницијата која ги претполага независно движечките микроплочи Јарчева и Маквориска.
Географија мини|десно|300п|Австралиската Плоча (најлево и најдесно) и соседните плочи на светска карта. Североисточната страна е сложена но начелно приближувачка граница со Тихоокеанската Плоча. Тихоокеанската се подвлекува под Австралиската Плоча, со што се образувани Тонганскиот и Кермадечкиот Ров, како и напоредните островски лакови Тонга и Кермадек. Одговорна е и за издигањето на источните делови на Северниот Остров на Нов Зеланд.
Континентот Зеландија се одвоил од Австралија пред 85 милиони години и се протега од Нова Каледонија на север до Новозеландските Подантарктички Острови на југ, сега е во фаза на расцепување по трансформната граница во Алпскиот Расед.
Јужно од Нов Зеланд границата добива преоден трансформно-приближувачки карактер и наречена е „Маквориско Раседно Подрачје“, каде Австралиската Плоча почнува да се подвлекува под Тихоокеанската долж Пијсегирскиот Ров. На југозапад од овој ров се протега Макворискиот Гребен.
Јужната страна е раздвојувачка граница со Антарктичката Плоча наречена Југоисточноиндиски Гребен.
Подвлечувачката граница низ Индонезија не е напоредна на биогеографската Волесова линија која ги двои домородните животни на Азија од оние на Австралазија. Источните острови на Индонезија лежат претежно на Евроазиската Плоча, но имаат животни и растенија од австралазиски тип. На југоисток се наоѓа Сундската Плоча.
Источно од Индонезија под Индискиот Океан има подрачје на изобличување помеѓу Индиската и Австралиската Плоча, и познато е дека Индија и Австралија не се движат во ист правец на север и почнале повторно да се двојат. Ова подрачје лежи долж северниот Деведесетстепенски Гребен, што значи дека ова подрачје денес е тектонски послабо од местото кајшто Индиската и Австралиската Плоча првично се споиле, подалеку на северозапад. Постои и озибличување во област 1200 км северно од Југоисточноиндискиот Гребен помеѓу Австралиската Плоча и предложената Јарчева Плоча.
Поврзано Геологија на Австралија Индоавстралиска Плоча Индиска Плоча
Наводи
Категорија:Тектонски плочи Категорија:Геологија на Австралија Категорија:Геологија на Индискиот Океан Категорија:Природознание на Океанија