Полутврди сирења — сирења кај кои количината на вода во содржината без маснотии во сирењето е до 65 проценти, така што по созревањето овие сирења содржат околу 40 до максимум 50 проценти апсолутна вода. Затоа, апсолутната вода ја означува вкупната количина на вода во сирењето по созревањето, и може да се изрази во грамови по килограм сирење или во проценти.
Поделба на сирењата Во зависност од содржината на вода во безмасниот дел од сирењето: многу тврди сирења до 30 % вода Сирења од типот пармезан: (грана падано, пармиџано лодиџано, пармиџано емилијано, пармиџано реџијано), сбринц тврди сирења од 35 до 45 % вода бра, ементалер, гријер, алпкезе, чедар, едамер, фонтина, фиоре сардо, кашкавал, монтасио, пекорино, карстно овчо сирење полутврди сирења од 40 до 50 % вода едамер, гауда, тилзит, трапист, бел пазе, порт салут, проволоне, сирење за раклет, тет де моан, путеркезе меки сирења над 50 % вода сирења со мувла во структурата или на површината, сирења со намаз на површината свежи сирења од 85 до 87 % вода моцарела, урда, маскарпоне Количината на вода во содржината без маснотии во сирењето е важна информација што може да се искористи за да се определи типологијата на сирењето. Колку е помеко сирењето, толку е поголем процентот на вода во него. Карактеристичните својства на сирењето се образуваат во немасната супстанција, која е прилично постојан параметар на сирењата.
Поврзано Тврдо сирење Меко сирење
Категорија:Сирења