Мајкл Акпови Олисе (роден на 12 декемри 2001, во Лондон) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Бајерн Минхен и на француската репрезентација.

Биографија Олисе е роден и израснат во Лондон, од татко нигеријец и француско-алжирска мајка. Неговиот брат Ричард е исто така фудбалер, и игра за Челси на младинско ниво.

Технички карактеристики Левоног фудбалер, многу разноврсен напаѓачки играч за врска, кој својата идеална позиција ја нашол на позицијата како десен крилен играч. Во текот на неговата кариера, играл во повеќе различни улоги, од офанзивен играч во средниот ред до крилен играч, што го прави флексибилен и вреден за тимот. Има добар дриблинг и може да се пофали со одлична брзина со топката во нозете.

Клупска кариера Почетоци Роден во Хамерсмит, Западен Лондон, Олисе ја започнал својата фудбалска кариера на 6-годишна возраст во екипата на Хејес и Јидинг. Потоа, тој ја поминал својата младост играјќи за поголемите екипи како , и , пред да се добие стипендија од академијата на , на која и се приклучил во 2018 година.

Рединг Своето деби за првиот тим на Рединг го направил на 12 март 2019 година, играјќи во поразот на домашен терен со 3-0 од . На 15 јули, тој потпишал тригодишен професионален договор со клубот. Тој го постигнал својот прв гол за Рединг на 19 септември 2020 година, со волеј-удар во 76-тата минута за да го постави конечниот резултат во победата со 2–0 над Барнсли на Мадејски. На 29 април 2021 година, тој бил прогласен за ЕФЛ Млад играч на сезоната.

Кристал Палас На 8 јули 2021 година, Олисе бил купен од Кристал Палас откако клубот ја активирал неговата откупна клаузула за 9,8 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со играчот.

На 11 септември 2021 година, тој го имал своето деби во Премиер лигата за клубот во победата од 3–0 на домашен терен против Тотенхем, откако влегол како замена во 86-тата минута на местото на Џордан Ају. На 23 септември, Олисе го имал својот прв цел одигран натпревар за Кристал Палас во ремито 1-1 на домашен терен против Њукасл Јунајтед. На 3 октомври 2021 година, Олисе го постигнал својот прв гол во Премиер лигата за клубот појавувајќи се како замена во второто полувреме во ремито 2–2 на домашен терен против Лестер Сити. Овој момент го направил најмладиот стрелец на Палас во Премиер лигата од Клинтон Морисон во 1998 година.

Бајерн Минхен На 7 јули 2024 година, Олисе потпишал петгодишен договор со германскиот Бајерн Минхен, кој за него му платил на Кристал Палас обесштетување од 50 милиони евра.

Олисе го имал своето деби како замена во победата од 4–0 против Улм на 16 август, забележувајќи асистенција за голот на Кингсли Коман за само две минути по влегувањето во игра. На 14 септември, тој го постигнал својот прв гол во Бундеслигата во победата од 6–1 над Холштајн Кил. Три дена подоцна, тој постигнал два гола, неговите први на Алијанц Арена, на неговото деби во Лигата на шампионите, во победата од 9–2 над Динамо Загреб.

Репрезентативна кариера Репрезентативно, Олисе имал право да игра за , , и , избирајќи да ја претставува втората земја, од која бил повикан во составот под 18 години во 2019 година за турнирот во Тулон.

Во март 2022 година, тој бил повикан за првпат во репрезентацијата под 21 година, за која дебитирал на 24-ти истиот месец во успехот со 2-0 против Фарски Острови. Следната година, тој бил во составот на репрезентацијата за Европското првенство под 21 година 2023 во Грузија и Романија, на кое Франција стигнала до четвртфиналето, а тој постигнал еден гол на патот до таму - во победата со 1-0 над Норвешка во групната фаза.

На 8 јули 2024 година, Олисе бил повикан од селекторот Тјери Анри во Олимписката репрезентација на Франција за Летните олимписките игри 2024 во Париз.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 8 јули 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 ФЛЧ 4 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 4 0 2019-2020 ФЛЧ 19 0 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - - - - 23 0 2020-2021 ФЛЧ 44 7 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 46 7Вкупно Рединг 67 7 6 0 - - - - 73 7 2021-2022 ПЛ 26 2 ФАКуп+ЛК 5+0 2 - - - - - - 31 42022-2023 ПЛ 37 2 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - - - 40 22023-2024 ПЛ 19 10 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 19 10Вкупно Кристал Палас 82 14 8 2 - - - - 90 162024-2025 БЛ 0 0 КГ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 0 0Вкупно во кариерата 148 21 14 2 - - - - 163 23

Титули Клупски Бајерн Минхен Бундеслига : 1 2024-2025

Суперкуп на Германија : 1 2025

Наводи

Надворешни врски

Мајкл Олисе на soccerway Мајкл Олисе на transfermakt Мајкл Олисе на espn Мајкл Олисе на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Рединг Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Француски фудбалери Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026