„Катин“ (полски: Katyń) – филм на режисерот Анджеј Вајда (Andrzej Wajda) од 2007 година. Автори на сценариото се Вајда, Владислав Пашиковски (Władysław Pasikowski) и Пшемислав Новаковски (Przemysław Nowakowski), а главните улоги ги играат: Артур Жмијевски (Artur Żmijewski), Маја Осташевска (Maja Ostaszewska), Маја Коморовска (Maja Komorowska) и Владислав Ковалски (Władysław Kowalski). Филмот е заснован врз романот „Катин“ (Katyń) на Анджеј Муларчик, а на 80. доделување на наградите „Оскар“ бил номиниран во категоријата најдобар странски филм.Idemo na poljski film: Katyn - Katynska šuma, poljski film (2007.) (пристапено на 29.10.2022)
Синопсис На почетокот на Втората светска војна, по германскиот напад на Полска, на 17 септември 1939 година, Црвената армија влегува во источниот дел на Полска, а сите полски офицери завршуваат како советски заробеници. Ана го чека враќањето на својот сопруг, кој е капетан во уланскиот полк, но пристигнуваат докази дека тој е убиен. Во април 1943 година, жената на еден полски генерал дознава како е убиен нејзиниот сопруг, откако германската војска ја открива масовната гробница на полските офицери во Катинската шума.
Наводи
Категорија:Полски филмови Категорија:Филмови на полски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Полска Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови на Анджеј Вајда Категорија:Филмови со Артур Жмијевски Категорија:Филмови со Владислав Ковалски Категорија:Филмови со Маја Коморовска Категорија:Филмови со Маја Осташевска Категорија:Филмови засновани на романи