мини|десно|300п|Новохебридската Плоча и околните плочи (на француски).

Новохебридска Плоча — мала тектонска плоча во Тихиот Океан. Во најголем дел е потопена како морско дно на Севернофиџиската Котлина, на нејзиниот западен раб е островската земја Вануату со повеќе лачни вулкани. На југозапад се граничи со Австралиската Плоча, која се подвлекува под неа во Новохебридскиот Ров. Подвлекувачката зона на Вануату е сеизмички активна и предизвикува многу земјотреси со јачина 7 или посилни. На север е Тихоокеанската, на североисток Балморалската, а на исток Конвејската Плоча.

На југот плочното приближување се одвива во облик на раседнување на западниот потег на Новохебридскиот Ров, трансформно раседнување во Хантерскиот Гребен северно од овој потег на ровот. Трансформното раседнување е поутврдено во Хантерската Разломна Зона која продолжува како јужна граница на Конвејската Плоча кон Фиџи.

Подрачјето е сложено и можеби има уште неколку микроплочи или блокови..

Наводи

Извори

Категорија:Тектонски плочи Категорија:Геологија на Тихиот Океан