Џесика Лоис Вер (англ. Jessica Lois Ware; родена на 15 октомври 1984) ― англиска пејачка и текстописец. За нејзината музика Вер добила многу признанија, вклучувајќи: седум номинации за Британски музички награди, меѓу кои една номинација за најдобар нов изведувач и четири номинации за најдобра британска соло-пејачка и две номинации за наградата Mercury.

Живот и кариера Џеси Вер е родена на 15 октомври 1984 година во Лондон. Нејзините родители се развеле кога имала 10 години. Таа е помлада сестра на англиската глумица Хана Вер.Births, Marriages & Deaths Index of England & Wales, 1916–2005.; at ancestry.com Нејзината мајка била Еврејка и Џеси била воспитана во таа вера. Дипломирала англиска литература на Универзитетот во Сасекс.One to watch: Jessie Ware Publisher: The Guardian newspaper. Published: 26 February 2012. Retrieved: 27 April 2013.

2009–2011: Почетоци на музичката кариерата По завршувањето на студиите, Вер кратко време работела како новинарка во The Jewish Chronicle и The Daily Mirror, а исто така работела и зад сцената во ТВ-компанијата Love Productions. Таму била колешка на Ерика Леонард, позната под псевдонимот Е.Л. Џејмс, писателката на Педесет нијанси сиво.

Музичката кариера Вер ја започнала како придружен вокал на концерти во живо. Преку член на групите кои ги придружувала, Вер се запознала со музичарот SBTRKT со кого соработувала на песната "Nervous" (2010). Вер придонела и за Ceremonials, албум од 2011 година од Florence and the Machine каде што пејачка била нејзината добра пријателка Флоренс Велч.

2011–2018: Први студиски албуми и соработки лево|мини| Вер настапува на фестивалот Евросоник 2012 година На 20 август 2012 година, Вер го издала нејзиниот прв албум Devotion, кој се искачил на петто место на Британската топ-листа за албуми. Истата година албумот бил номиниран за престижната награда „Меркјури“.

Вториот албум на Вер, Tough Love, бил издаден на 6 октомври 2014 година. Албумот се искачил на деветто место на Британската топ-листа за албуми, станувајќи нејзин втор албум во првите десет на топ-листата. „Tough Love“ бил прв сингл од албумот и бил објавен на 3 август 2014 година. Ед Ширан бил коавтор на песната „Say You Love Me“.

Вер придонела со песна за третиот студиски албум од Ники Минаж, The Pinkprint (2014), под наслов „The Crying Game“. На почетокот, Вер била наведена само како текстописец, но во ажурираните верзии од албумот била наведена и како композитор. Таа, исто така, била котекстописец на песната „New Man“ за третиот албум од Ед Ширан, ÷, и на албумот била пратечки вокал и на две други песни. мини| Вер настапува во Џез Кафе во февруари 2018 година Во октомври 2017 година, по двегодишна пауза, Вер се вратила на сцената и го објавувила нејзиниот трет студиски албум, Glasshouse. Албумот стигнал до седмо место на топ-листата за албуми во Велика Британија.

2019–денес: Објавување на албумите What's Your Pleasure? и That! Feels Good! Нејзиниот четврти албум, What's Your Pleasure?, бил издаден во јуни 2020 година. Првиот сингл од албумот, „Adore You“, бил објавен во февруари 2019 година. Албумот бил пофален од критиката. Во април 2021 година, Вер најавила проширено издание од албумот под наслов What's Your Pleasure? Platinum Pleasure Edition. Реизданието било објавено во јуни 2021 година и содржело седум дополнителни песни, вклучувајќи ги сингловите „Overtime“, „Please“ и „Hot N Heavy“ и ремикс од „Adore You“, за вкупно осум дополнителни песни.

Подоцна во 2021 година, Вер соработувала со Кајли Миног на реиздавањето на петнаесеттиот студиски албум од Миног, Disco: Guest List Edition. Нивната песна „Kiss of Life“ била објавена на 29 октомври 2021 година.

„Free Yourself“, водечки сингл од петтиот студиски албум на Вер, That! Feels Good!, бил објавен на 19 јули 2022 година. Следниот сингл, „Pearls“, бил објавен на 9 февруари 2023 година. Во април 2023 година, Вер го издала нејзиниот петти студиски албум That! Feels Good! преку EMI Records. Албумот бил копродуциран од Стјуарт Прајс и добил позитивни критики.

Други проекти Кон крајот на 2017 година, Вер започнала подкаст нааречен Table Manners на кој покривала теми за „семејството, храната и уметноста на стариот добар разговор“. Секоја недела имала нов гостин. Првата епизода била поставена на 8 ноември 2017 година, а гостин бил британскиот кантавтор и нејзин пријател Сем Смит. Во емисијата, покрај другите гостувале и: Ед Ширан, Ренди Џексон, Нигела Лосон, Санди Токсвиг, Даниел Калуја, Палома Фејт, Џорџ Езра, Ени Мек, Пол Макартни и Кајли Миног.

На 23 јануари 2019 година, Вер на нејзиниот Инстаграм објавила дека остварила соработка со дизајнерот Џорџ Редингс за линија на облека за деца наречена „Anyware Kids“ која од пролетта 2019 година ќе се продава на интернет и во избрани продавници на мало.

Во мај 2023 година, било објавено дека Вер ќе биде еден од судиите за претстојниот натпревар за таленти на ITV Mamma Mia! I Have a Dream. На натпреварот треба да се изберат двајца глумци за театарски мјузикл кои ќе ги играат улогите на Софи и Скај во „Mamma Mia!“ во Вест Енд во Лондон по повод 25-годишнината од своето постоење.

Личен живот Во август 2014 година, Вер се омажила за нејзиниот другар од детството, Сем Бароус. Имаат три деца.

Вер е Еврејка. Во 2021 година навела дека планира да има Бат мицва како возрасна.

Дискографија

Devotion (2012) Tough Love (2014) Glasshouse (2017) What's Your Pleasure? (2020) That! Feels Good! (2023)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски поп-пејачки Категорија:Англиски соул пејачи Категорија:Англиски кантавтори Категорија:Англиски кантавторки Категорија:Англиски Евреи Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Еврејски пејачи Категорија:Пејачи на балади Категорија:Англиски електронски музичарки Категорија:Пејачи од Лондон Категорија:Англиски филантропи Категорија:Англиски феминисти