Јавал () — старозаветна личност во книгата Битие, син на Ламех и Ада, брат на Јувал, татко (праотец) на оние што живеат во шатори со стада (бедуини).Рождественский В. Г. Бытие // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона : в 86 т. (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907. (руски)Битие 4:20
Авел бил првиот овчар, додека Јавал бил веројатно првиот што имал различни видови стада, со кои се движел од место на место и со тоа го означил почетокот на овчарскиот номадски живот.Иавал // Библейская энциклопедия архимандрита Никифора. — М., 1891—1892. (руски)
Варијанти на пишување на името Покрај името Јавал, постојат и пишувања:
Јовал Јабал
Потеклото и значењето на името е непознато, некои извори го извлекуваат од староеврејското „Јувал“ (староеврејски: יובל, букв. поток). Други извори сметаат дека неговото име доаѓа од името „Јабал“ (букв. рог) и го поврзуваат со неговото главно занимање како овчар.Каменецкий А. С. Ябал // Еврейская энциклопедия Брокгауза и Ефрона. — СПб., 1908—1913. (руски)
Семејна лоза Јавал, потомок на Каин, бил син на Ламех и Ада. Тој бил брат на Јувал и полубрат на Тувал-Каин и Ноема. Познат е како „татко (праотец) на сите што живеат во шатори и одгледуваат добиток“.
Теории Френсис Најџел Ли го толкува Битие 4:20 за да претположи дека Јавал бил и „татко на сите сточари“ и „татко на сите жители на шатори“. Ли го гледа Јавал како пионер во сточарството и земјоделската технологија, како и во архитектурата. Тој, исто така, верува дека Јавал веројатно бил ткајач, што го прави пионер во индустријата за облека.Francis Nigel Lee, The Central Significance of Culture (Presbyterian and Reformed, 1976), 29.
Меѓутоа, Гордон Венам го гледа Јавал како првиот човек што живеел со стада, означувајќи го како „татко на бедуинскиот начин на живот“. Венам истакнува дека додека Авел живеел од своите стада, Јавал можел да тргува користејќи ги своите животни, што претставува културен напредок.Gordon Wenham, Genesis 1-15 (Word, 1987), 113.
Наводи
Надворешни врски __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Библиски личности Категорија:Личности од Стариот завет Категорија:Личности од книгата Битие