Археолошката култура се однесува на повторувачки збир на артефакти, градби и споменици од одредено раздобје и подрачје. Верувано е дека овие материјални остатоци ги претставуваат културните практики на одредено минато човечко општество.
На пример, алатките, керамиката и погребните практики пронајдени на некое место може да им помогнат на археолозите да ја препознаат и разберат културата на луѓето што живееле таму. Овој концепт е суштински во археологијата бидејќи помага да бидат класифицирани и толкувани материјалните докази што ги оставиле старите општества.
Концепт
Различните културни групи имаат предмети од материјалната култура кои се разликуваат и функционално и естетски поради различните културни и општествени практики. Овој поим е видливо вистинит во најшироки размери. На пример, опремата поврзана со приготвувањето на чај варира многу низ целиот свет. Општествените односи со материјалната култура често вклучуваат поими за идентитет и статус.
Застапниците на културно-историската археологија ја користат идејата за да тврдат дека множествата на материјална култура можат да бидат користени за да бидат пронајдни древни групи луѓе кои или се самоидентификувале како општества или како народност. Археолошката култура е уред за класификација за подредување на археолошките податоци, насочен на артефактите како израз на културата, а не на луѓето.McNairn (1980). стр. 48. Класичната дефиниција на оваа идеја доаѓа од Гордон Чајлд:
Поврзано Археолошко здружение Закон на надположбата Релативно датирање – Одредување на релативниот редослед на археолошките слоеви и артефакти Низа (археологија) – Стратиграфија на археолошкиот запис, користена како дел од методот на „серијација“ на релативно датирање Серијација (археологија) Низно датирање Стратиграфија (археологија)
Наводи
Општи извори
Надворешни врски
What is an archeological culture? – Academia.edu
Категорија:Археологија Категорија:Археолошки методи