Арбен Фетаи (р. 11 декември 1980 во Куманово) — македонски политичар кој ја извршувал функцијата министер за добро владеење и транспарентност од редовите на ВРЕДИ.
Животопис Арбен Фетаи е искусен професионалец во областа на јавната политика и европските интеграции, со богата меѓународна кариера. Роден е на 11 декември 1980 година во Куманово и поседува двојно државјанство: на Македонија и на Белгија.
Фетаи го започнува своето високо образование во Белгија, каде што од 1999 до 2001 година студира политички науки на Универзитетот во Лиеж. Потоа продолжува на Слободниот универзитет во Брисел, каде што стекнува диплома за политички науки и меѓународните односи (2001-2003). Од 2003 до 2006 година, Фетаи се специјализира во областа на европските студии на Институтот за европски студии во Белгија.
Неговата професионална кариера започнува во 2004 година, кога работи како помлад експерт на проект финансиран од ЕУ за поддршка на Собранието на Косово. Потоа, од 2006 до 2008 година е офицер за врски на проект за градење на капацитети за европски интеграции во канцеларијата на премиерот на Косово. Од 2010 до 2018 година, пак, работи како виш советник за политика на ЕУ на проекти финансирани од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Во последните години, Фетаи работи како глобален координатор за застапување во Aidsfonds во Брисел и како извршен директор на Институтот за јавна политика Арбен Џафери во Скопје. Покрај албанскиот, тој говори македонски, албански француски, англиски и холандски јазик.
На 23 јуни 2024 година, Фетаи бил назначен за министер за добро владеење и транспарентност во кабинетот на Христијан Мицкоски.
На 13 мај 2025 година, Арбен Таравари и неговото крило на Алијанса на Албанците официјално излегоа од владата, но Фетаи и неговото крило на Алијанса на Албанците одлучија да останат во владата.
На 1 јуни 2026 година, Фетаи си поднесе оставка по два месеца недоаѓање на работа.
Поврзано Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Македонски Албанци