Дамаскин Манушев, роден како Дамаскин Мануш Манушев (Велес, 1875 — Велес, 1960) — истакнат македонски фотограф и деец на Македонската револуционерна организација. Дамаскин Манушев е познат како еден од најстарите фотографи во Македонија и најстариот во градот Велес. Имал произведено над 1.000 фотографии. Пред да работел во Велес, сликал во Скопје и Солун.
Потекло Фамилијата на Дамаскин не била велешка по потекло туку потекнувале од мијачкото село Тресонче, Општина Маврово и Ростуше. Заради притисоци од албански банди фамилијата помеѓу 1725 и 1730 година се преселиле од Тресонче кон велешкото село Папрадиште. После тоа се преселиле во селото Горно Врановци за безбедност.
Во 1828 година дедото на Дамаскин, Илија Илиев и жена му Стана Илиева со таткото на Дамаскин, Мануш Илиев се преселиле во градот Велес. Таткото на Дамаскин којшто бил Мануш Илиев ја формирал фамилијата Манушеви и си го сменил името во Мануш Манушев. Фамилијата Манушеви стасале во градот Велес истовремено со фамилијата Зографски од каде што потекнувал Андреја Дамјанов.
Ќерката Елена од фамилијата Зографски се омажила со Мануш Илиев и во 1875 година се родил Дамаскин Манушев. Името Дамаскин си го добил од добар другар којшто татко му знаел во Солун којшто по народност бил Грк. Името Дамаскин потекнува од грчкиот збор Дамаскинос () така бил именуван Јован Дамаскин. Терминот означува добро наводнето земјиште.Damascus by Baby Names Content Team Главниот град на Сирија го носи името.
Животопис Дамаскин Манушев живел во велешкото маало Дворови, којшто бил дел од стар Велес. Во млади години имал интерест кон фотографијата, заради малиот број на фотографи во регион си го отворил првото ателје во Скопје и после во Велес. Според сеќавањата на Љубе Манушев тој што го научил Дамаскин бил Георги Попов од Скопје, познат како најстариот фотограф во Македонија.Полн кадар - Живот со фотографии, Љубе Манушев (1986)
Дамаскин редовно патувал и во Солун но немал толку успех во градот. Во 1894 година отвара ателје во градот Велес, првото и најстарото ателје на градот. Сместувањето било во главната улица плиску до денешниот Илинденски споменик. Заради тоа што бил единствениот во Велес, неговиот бизнис бил многу успешен и бил платен да слика свадби, прослави и сите други истакнати случаеви во градот и околијата.
Во 1912 година се оженил со Ана Поп Кочева и после десет години им бил роден Љубе Манушев, којшто после смртта на Дамаскин би го наследил со сликањето. Кога Љубе бил мал, работел во ателјето на Дамаскин, таму Љубе бил научен како правилно да користел камера, тој во идна најава би истакнал:
Учество во МРО мини|299x299пкс|Слика од Кочо Рацин во 1927 година, фотографијата била произведена во ателјето на Дамаскин Манушев во главната улица на градот Велес. Во тоа време заради суровата српска пропаганда презимето на Дамаскин било сменето во Манушевиќ наместо Манушев. Дамаскин имал восхит кон Македонската револуционерна организација, заради тоа за долго време работел со организацијата со надежот дека неговиот роден град би бил ослободен. Заради неговите револуционерни дејства бил редовно уапсан и осуден за време на турското ропство. Три пати бил осуден за смрт од турските судови и бил во камената ќелија Куршумли Ал во Скопје. Бил во турски затвор до 1912 година кога бил ослободен заради тогашната прва балканска војна но Велес паднало под српска окупација.
Заради тогашната српска пропаганда, презимето на Дамаскин Манушев било србинизирано како Манушевиќ. Дамаскин бил социјалист по политички гледишта, бил голем вљубител за идеата на Балканска Федерација којшто би било составено од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и други држави.
Последни години Дамаскин Манушев кога го отвори ателјето работел сам но постепно почнал да добива повеќе помош од неговиот син Љубе Манушев којшто посакал да биде неговиот следбеник. Во 16 јануари 1939 година за време на протестите од велешките социјалисти којшто биле вработени во градскиот монопол Дамаскин му помогнал со снимањето и сликањето на најпозната слика на Љубе. Во сликите на Дамаскин бил присутен велешкиот партизан Богде Ивчев.
За влијанието на Дамаскин Манушев врз неговиот син и градот Велес истакнала жената на Љубомир Манушев, Нада Манушева:
Дамаскин Манушев се пензионирал после втората светска војна, неговиот син Љубе Манушев го наследил и продолжил да работи до неговото пензионирање во 1990-тите. Дамаскин имал 4 деца, Љубомир Манушев, Мануш Манушев, Борис Манушев и Стефанка Манушева. Починал во 1960 година со 85 години.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Велес Категорија:Македонски фотографи Категорија:Родени во 1875 година Категорија:Починати во 1960 година Категорија:Македонски социјалисти Категорија:Мијаци