Моав (, ) — историска област во Западен Јордан населена со Моавити, семитско племе поврзано со Израилците (според Стариот завет, потекнуваат од внукот на Авраам, Лот, и неговата постара ќерка). Како и народот на Израил, Моавитите не биле автохтони: тие се населиле во оваа земја откако ги поразиле Емимите.Моавитяне // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона : в 86 т. (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1896. — Т. XIXa. — С. 557—559. (руски)

Моав била сува, рамна област до источниот брег на Мртвото Море и јужниот дел на реката Јордан. Од земјата Моав доаѓа Рута, која е главната личност во Книгата на Рута — дел од Стариот завет. Рута е прабаба на царот Давид и претходничка на Исус Христос.

Извесно време Моав бил вазална држава на Израил. Меѓутоа, по смртта на царот Ахав, Моав ја повратил својата независност и повторно станал посебно царство (4 Цар. 3:4–5).

Историја

Бронзено време И покрај ограничените археолошки докази, историчарите го заклучиле постоењето на Моав пред подемот на израилската држава од огромната статуа во Луксор подигната од фараонот Рамзес II во XIII век пр. н. е. Оваа статуа го наведува Моав меѓу земјите освоени од Рамзес II.

Четири натписи од времето на Рамзес II го опишуваат Моав како бунтовничка област што одбила да го прифати египетското управување над Ханан и, заедно со Шасуите од планината Сеир, извршила походи во Египет. Фараонот испратил војски да го задушат бунтот. Натписите ги прикажуваат Моавитите со фризури слични на Хананците, наместо со сплетените фризури на Шасуите. Ова довело до расправа за тоа дали ова одразува демографска промена или промена во начинот на живот на Моавитите.

Друг натпис од Луксор споменува дека Рамзес и неговиот син ги нарекувале Египќаните како „водачи на Моав“ и ги критикувале дека се обиделе да се здружат со Хетитското Царство за да избегаат од египетското господство.

Наводи

Надворешни врски

Gutenberg E-text of Patriarchal Palestine by Archibald Henry Sayce (1895) Moab entry in Smith's Bible Dictionary

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Моав Категорија:Семитски народи Категорија:Поранешни кралства Категорија:Древни блискоисточни народи Категорија:Библиски места Категорија:Историски области