Небиволол е бета блокатор кој се користи во третманот на хипертензија и срцева слабост. Како и другите β-блокатори, генерално се смета за помалку претпочитан во третманот на хипертензија. Може да се користи сам или во комбинација со други антихипертензивни лекови. Се зема преку уста.
Чести несакани ефекти вклучуваат вртоглавица, чувство на замор, гадење, и главоболка. Сериозни несакани ефекти вклучуваат срцева слабост и бронхоспазам. Неговата примена за време на бременоста и доењето не се препорачува. Делува преку блокирање на β1-адренергичните рецептори во срцето и дилатација на крвните садови.
Небивололот бил патентиран во 1983 и започнал да се користи во медицински цели во 1997. Достапен е како генерички лек. Во 2021, бил 244ти најмногу пропишуван лек во САД, со повеќе од 1милион рецепти.
Наводи
Категорија:Бета блокатори