Островот на Черепите (, буквално: Конг: Островот на Черепите) — американски филм за чудовишта од 2017 г. во режија на Џордан Вот-Робертс. Филмот е произведен од Legendary Pictures и Warner Bros. Pictures. Тоа е обнова на франшизата „Кинг-Конг“ и вториот филм од франшизата „MonsterVerse“, кој е 11-ти филм во франшизата „Кинг-Конг“. Главните улоги ги толкуваат Том Хидлстон, Семјуел Л. Џексон, Џон Гудман, Бри Ларсон, Џинг Тиан, Тоби Кебел, Џон Ортиз, Кори Хокинс, Џејсон Мичел, Шеј Вигам, Томас Ман, Тери Нотари и Џон Рајли. Сместено во 1973 г., екипа од научници, авантуристи и војници од Виетнамската војна патуваат до непознатиот Остров на Черепите и се среќаваат со Конг, гигантски мајмун што е последен од неговиот вид, проследен со други застрашувачки суштества.
Премиерата на филмот во САД била на 10 март 2017 г., а во Македонија на 9 март истата година.
Содржина Научници, војници и авантуристи се обединуваат за да го истражат митскиот, непознат остров наречен Остров на Черепите во Тихиот Океан. Одделени од сè познато, тие се впуштаат во царството на моќниот Конг, разгорувајќи ја крајната битка меѓу човекот и природата.
Улоги ГлумецУлогаТом ХидлстонЏејмс КонрадСeмјуел Л. ЏексонПрестон ПакардЏон ГудманВилијам РандаБри ЛарсонМејсон ВиверЏинг ТианСан ЛинТоби КебелЏек ЧапменЏон ОртизВиктор НивесКори ХокинсХјустон БруксЏејсон МичелГлен МилсШеј ВигамЕрл КолТомас МанРеџ СливкоТери НотариКинг-КонгЏон РајлиХенк Марлоу
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови