Лиаонинг е крајбрежна покраина во Североисточна Кина која е најмала, најјужна, и најнаселена покраина во овој регион. Нејзиното седиште е во Шенјанг, и се наоѓа на северниот брег на Жолтото Море, што ја прави најсеверна крајбрежна покраина на НР Кина.
Лиаонинг граничи со Жолтото Море (Корејскиот Залив) и Бохајското Море на југ, Северна Кореја, покраината Џјилин на североисток, Х'беј на југозапад, и Внатрешна Монголија на северозапад. Реката Јалу ја означува нејзината граница со Северна Кореја, и се влева во Корејскиот Залив помеѓу Дандунг во Лиаонинг и Синиџу во Северна Кореја. Лиаонинг е една од водечките провинции во Кина во истражување и образование. Во 2023, два големи града во Лиаонинг биле рангирани во првите 200 градови во светот (Даљен на 37мо и Шенјанг на 124то место) по научно-истражувачки резултати, според Nature Index.
Наводи
Категорија:Покраини во Кина