Бета Бик - втората најсветла ѕвезда во соѕвездието Бик. Го има официјалното име Елнат; Бета Бик е денешната Бајерова ознака, која е латинизирана од β Бик и скратено Бета Тау или β Тау. Оригиналната ознака на Гама Кочијаш денес ретко се користи. Таа е хемиски невообичаена џиновска ѕвезда В7, оддалечена 134 светлосни години од Сонцето со привидна ѕвездена величина од 1,65.
Номенклатура Оваа ѕвезда има две Бајерови ознаки: β Бик (латинизирано во Beta Tauri) и γ Кочијаш (латинизирано во Gamma Aurigae). Птоломеј сметал дека ѕвездата го дели Кочијаш, а Јохан Бајер и доделил ознака во двете соѕвездија. Кога современитњ граници на соѕвездието биле фиксирани во 1930 година, ознаката γ Кочијаш во голема мера испаднала од употреба.
Традиционалното име Елнат, ел-Нат или Алнат, потекнува од арапскиот збор النطح an-naţħ, што значи „удирање“ (т.е. рогови на бикот). Како и во многу други имиња на арапски ѕвезди, написот ال е буквално транслитериран како ел, но сепак во огромно мнозинство во арапскиот изговор се асимилира со n, што значи дека е испуштен. Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на РГИЅ од јули 2016 година вклучувал табела со првите две серии на имиња одобрени од РГИЅ; во кој била вклучена и Елнат за оваа ѕвезда.
На кинески ,, што значи Пет кочии, ѕвездата се однесува на астеризам кој се состои од β Бик, ι Кочијаш, Капела, β Кочијаш и θ Кочијаш. 中國星座神話, written by 陳久金. Следствено, кинеското име за самиот β Бик е , кое на македонски јазик се преведува како Петтата од петте кочијаши.
Физички својства Апсолутната величина на Бета Бик е −1,34, слична на друга ѕвезда во Бик, Маја во ѕвезденото јато Плејади. Како и Маја, β Бик е џин од Б-класа со сјајност 700 пати поголема од Сонцето (). Таа еволуирала и станала џиновска ѕвезда, поголема и поладна отколку кога била во главната низа. Сепак, со оддалеченост од приближно 130 светлосни години во споредба со проценетите 360 светлосни години на Маја, β Бик се рангира како втора најсветла ѕвезда во соѕвездието.
Тоа е жива-манганска ѕвезда, еден вид немагнетна хемиски невообичаена ѕвезда со невообичаено големи знаци на некои тешки елементи во нејзиниот спектар. Во однос на Сонцето, β Бик е забележлива по големото изобилство на манган, но малку калциум и магнезиум. Сепак, недостатокот на силни живи потписи, заедно со особено високите нивоа на силициум и хром, навеле некои автори да дадат други класификации, вклучително и како „Ѕвезда SrCrEu“ или дури и како Ап-ѕвезда. Нејзиниот аголен пречник е измерен на . На растојание од пц, ова одговара на линеарен полупречник од .
На јужниот раб на тесната рамнина на галаксијата Млечен Пат, неколку степени западно од галактичкиот антицентар, β Бик фигурира (се појавува) како објект во преден план јужно од многу маглини и ѕвездени јата како што се M36, M37 и M38. Се наоѓа на 5,39 степени северно од еклиптиката, сè уште доволно малку за да може Месечината да може да се прикрие. Ваквите окултации се случуваат кога растечкиот јазол на Месечината е во близина на мартовската рамноденица, како во 2007 година. Повеќето од нив се видливи само на јужната полутопка, бидејќи ѕвездата се наоѓа на северниот раб на зоната на месечевата окултација – но ретко на север како од јужна Калифорнија.
Придружници Бледата ѕвезда е, аголно од наша гледна точка, доволно блиску за астрономите да ја разгледаат, и да ја препознаат дека станува збор за двојна ѕвезда. Овој визуелен придружник, BD+28°795B, има положбен агол од 239 степени и е одделен од главната ѕвезда за 33,4 лачни секунди (″). Шест аголно поблиску, уште побледи ѕвезди биле пронајдени во потрага по кафеави џуџиња и планетарни придружници, и сите се сметаат за заднински објекти.
Пријавен е многу близок придружник од мерењата на месечевата окултација на растојание од ", но не потврдено од други набљудувачи. Мерењата на радијалната брзина покажуваат дека Бета Бик е еднолиниска спектроскопско двојна ѕвезда, но нема објавени информации за придружникот или орбитата.
Наводи
Надворешни врски Ѕвездите на Џим Калер: Елнат
Категорија:Кочијаш (соѕвездие) Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:HIP-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HR-објекти Категорија:Бајерови објекти Категорија:Бик (соѕвездие) Категорија:Бело-сини џинови Категорија:Живино-мангански ѕвезди