Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Кравари; скратено: ПООУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Кравари, претставува единка на истоименото училиште од селото Бистрица, Општина Битола.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски филолог Крсте Петков Мисирков.
Местоположба
Објектот на училиштето во близина на главниот пат низ селото, во непосредна близина на селската црква „Успение на Пресвета Богородица“.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Битола Кравари Категорија:Кравари