Армагедон () — американски научнофантастичен филм од 1998 г. во режија на Мајкл Беј, произведен од Џери Брукхајмер и издаден од Touchstone Pictures. Филмот следи група нафтени дупчачи испратени од НАСА за дупчење на астероид што се движи кон Земјата.
Филмот имал трговски успех, станувајќи филм со најголема заработка во 1998 г., како и филм со најголема заработка издаден од Touchstone Pictures. Филмот добил мешани одзиви од критичарите.
Содржина Пропаста на шатлот во вселената ја известува НАСА за судниот астероид што е на пат кон судир со Земјата. Се чини дека единствениот начин да се исфрли од насоката е да се пробие во неговата површина и да се разнесе јадрено оружје. Но додека недоволно финансираната, но сепак снаодлива екипа на НАСА ги обучува најдобрите светски дупчачи за таа работа, светскиот општествен поредок почнува да се распаѓа додека информациите допираат до јавноста и води до хистерија. Додека високопоставените чиновници со напор си играат политика, членовите на екипата за дупчење се соочуваат со длабоки лични проблеми што можат да ја загрозат последната шанса на човештвото.
Улоги ГлумецУлогаБрус ВилисХари СтемперБили Боб ТорнтонДен ТруманБен АфлекЕј-Џеј ФростЛив ТајлерГрејс СтемперВил ПатонЧарлс „Чик“ ЧаплСтив БушемиВолтер РокхаундВилијам Фиктнерполковник Вилијам ШарпОвен ВилсонОскар ЧојсМајкл Кларк ДанканМечкатаКларк БролиФреди НунанПетер СтормареЛев АндроповКен КемпбелМакс ЛенертЏесика СтинЏенифер ВотсГрејсон МакоучГруберКит Дејвидгенерал КимсиКрис ЕлисВолтер КларкЏејсон Ајзаксд-р Роналд КвинсиЕди Грифинвелосипедистот
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 1998 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски научнофантастични акциони филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк Категорија:Американски научнофантастични филмови