Ѕвер () — американски акционен филм за преживување од 2022 г. во режија на Балтасар Кормакур од сценарио на Рајан Енгл заснован на приказната на Џејми Примак Саливан. Главните улоги ги толкуваат Идрис Елба, Ијана Хали, Лија Сава Џефриз и Шарлто Копли. Филмот следи вдовечки татко и неговите две ќерки тинејџерки што го посетуваат јужноафриканскиот резерват за дивеч, но мораат да се борат за да преживеат кога ќе бидат демнени и нападнати од свиреп лав човекојадец.

Премиерата на филмот во САД била на 19 август 2022 г., а во Македонија на 25 август истата година.

Содржина Нејт, откако неодамна ја загубил сопругата, се враќа во Јужна Африка, каде што првпат ја запознал. Тој и неговите две ќерки тинејџерки патуваат во природен резерват управуван од стар семеен пријател. Меѓутоа, наскоро свиреп лав што лови луѓе почнува да ги напаѓа и да ги голта сите што ќе му се најдат по патот. Нивниот пат кон спасението се претвора во борба во која ќе бидат испитани нивните сили.

Улоги ГлумецУлогаИдрис Елбад-р Нејт СемјуелсИјана ХалиМередит СемјуелсЛија Сава ЏефризНора СемјуелсШарлто КоплиМартин БетлсРајли КиоСавана

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2022 година Категорија:Филмови на англиски јазик