Алфа Гулаб или α Гулаб, официјално именувана како Факт ( ), е ѕвезда во јужното соѕвездие Гулаб . Има привидна визуелна величина од 2,6, што ја прави најсветла во соѕвездието. Врз основа на мерењата на паралакса направени за време на мисијата Хипаркос, Алфа Гулаб се наоѓа на растојание од околу 261 светлосни години(80 парсеци) .

Номенклатура α Columbae, латинизирано во Alpha Columbae - Алфа Гулаб, е ознака добиена според Бајеровото означување .

Традиционалното име на ѕвездата - Факт (понекогаш преведено и како Фад или Фет) потекнува од арапскиот збор فاختة fākhitah „ што значи „прстенест гулаб “. Првично било употребено на соѕвездието Лебед, а подоцна пренесена на оваа ѕвезда. Предложена е и етимологијата на неговото име h a d āri (непознато значење) . Во 2016 година, Меѓународната астрономска унија организирала Работна група за имиња на ѕвезди (WGSN) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на WGSN од јули 2016 година вклучил табела со првите две групи на имиња одобрени од WGSN; кој го вклучиле и името Факт за оваа ѕвезда.

На кинески зборот ( ), што значи Дедо, се однесува на астеризам кој се состои од Алфа Гулаб и Епсилон Гулаб . 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 , Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010. From this Chinese name, the name Chang Jin has appearedRichard Hinckley Allen: Star Names — Their Lore and Meaning: Columbae 中國星座神話, written by 陳久金. Следствено, самиот α Гулаб е познат како( , .). Од ова кинеско име се појавило името Чанг Џин

Својства Се верува дека ова е осамена ѕвезда, иако има слаб оптички придружник на аголна оддалеченост од 13,5 лачни секунди, што ја прави двојна ѕвезда . Ѕвездената класификација на Факт е B9Ve, што одговара на ѕвезда од главната низа од Б-тип . Спектарот покажува дека е ѕвезда Be опкружена со врел гасовит диск, кој генерира емисиони линии поради рекомбинација на водород . Како и повеќето, ако не и сите такви ѕвезди, таа брзо ротира со проектирана ротациона брзина од . Азимуталната екваторијална брзина може да биде . Станува збор за сомнителна променлива ѕвезда од типот Гама Касиопеја (GCAS), со нејзината привидна величина која варира од 2,62 m до 2,66 m .

Наводи

Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Бајерови објекти Категорија:Гулаб (соѕвездие) Категорија:Be-ѕвезди Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот B Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“