мини|300px|Уметничко толкување кое го прикажува животот на масивна ѕвезда како јадрено соединување ги претвора полесните елементи во потешки. Кога соединувањето повеќе не создава доволно притисок за да се спротивстави на гравитацијата, ѕвездата брзо колабира и настанува црна дупка. Теоретски, енергијата може да се ослободи за време на колапсот долж оската на вртење за да настане гама-изблик. Гама-изблик (ГЗИ) — неизмерна енергетска експлозија кои се забележани во далечните галаксии, кои се најсветлите и најкрајните експлозивни настани во целиот универзум, како што ги опишува НАСА, изблиците се како „најмоќна класа на експлозии во универзумот“. Тие се најенергичните и најсветлите електромагнетни настани од Големата експлозија. Гама-изблиците може да траат од десет милисекунди до неколку часа.Kouveliotou 1994 По првичниот блесок на гама-зраците, емитуван е „проследен сјај“, кој е подолготраен и обично е емитуван на подолги бранови должини (рендгенски, ултравиолетови, оптички, инфрацрвени, микробранови и радио).Vedrenne & Atteia 2009
Интензивното зрачење на повеќето набљудувани гама-изблици се смета дека се ослободува за време на супернова или суперсјајна супернова бидејќи ѕвезда со висока маса експлодира и создава неутронска ѕвезда или црна дупка. Се чини дека поткласа на гама-изблиците потекнува од спојувањето надвојните неутронски ѕвезди.
Изворите на повеќето гама-изблици се оддалечени милијарди светлосни години од Земјата, што значи дека експлозиите се и крајно енергични (вообичаен излблик ослободува онолку енергија за неколку секунди колку што Сонцето ќе ослободи во целиот свој животен век од 10 милијарди години) и исклучително ретко (неколку по галаксија на милион годиниPodsiadlowski 2004). Сите набљудувани гама-изблици потекнуваат надвор од галаксијата Млечен Пат, иако поврзана класа на феномени, меки гама-повторувачи, се поврзани со магнетари во Млечниот Пат. Претпоставувано е дека една гама-изблик во Млечниот Пат, насочен директно кон Земјата, може да предизвика настан на масовно изумирање.Melott 2004 Некои истражувачи претпоставуваат дека доцното ордовициско масовно истребување се случило како резултат на таков изблик на гама-зраци.
Гама-изблиците првпат биле откриени во 1967 година од сателитите Вела, кои биле дизајнирани да забележуваат тајни тестови за јадрено оружје; по темелна анализа, ова било објавено во 1973 година. По нивното откритие, стотици теоретски модели биле предложени за објаснување на овие изблици, како што се судирите меѓу кометите и неутронските ѕвезди.Hurley 2003 Малку информации биле достапни за да бидат потврдени овие модели сè до откривањето на првите рендгенски и оптички последователни блесоци во 1997 година и директно мерење на нивните црвени поместувања со помош на оптичка спектроскопија, а со тоа и нивните растојанија и енергетски излези. Овие откритија, и последователните студии на галаксиите и суперновите поврзани со изблиците, ја разјасниле оддалеченоста и сјајноста на гама-изблиците, дефинитивно ставајќи ги во далечните галаксии.
Историја
мини|Положби на небото на сите изблици на гама-зраци откриени за време на мисијата BATSE. Распределбата е изотропна без концентрација кон рамнината на Млечниот Пат којашто се протега хоризонтално низ средината на сликата. Гама-изблиците за прв пат биле забележани во доцните 1960-ти од сателитите Вела, кои биле изградени за да ги забележуваат импулсите на гама-зрачење емитирани од јадреното оружје тестирано во вселената. Соединетите Држави се сомневале дека Советскиот Сојуз може да се обиде да изврши тајни јадрени испитувања по потпишувањето на Договорот за забрана на јадрени испитувања во 1963 година. На 2 јули 1967 година, во 14:19 UTC, сателитите Вела 4 и Вела 3 откриле блесок на гама-зрачење за разлика од кој било познат изглед на јадрено оружје. Неизвесно што се случило, но не сметајќи го ова прашање особено итно, тимот од Националната лабораторија Лос Аламос, предводен од Реј Клебесадел, ги поднел податоците на истрага. Бидејќи дополнителните сателити Вела биле лансирани со подобри инструменти, работната група од Лос Аламос продолжила да наоѓа необјасниви изблици на гама-зраци во нивните податоци. Со анализа на различните времиња на пристигнување на изблиците откриени од различни сателити, групата можела да утврди груби проценки за положбите на небото од 16 изблициSchilling 2002, стр. 12–16 и дефинитивно да отфрли земјино или сончево потекло. Спротивно на општонародното верување, податоците никогаш не биле класифицирани. По темелна анализа, наодите биле објавени во 1973 година како напис на Astrophysical Journal со наслов „Набљудувања на гама-изблиците од космичко потекло“.
Повеќето рани хипотези за гама-изблиците поставиле блиски извори во галаксијата Млечен Пат. Од 1991 година, Комптоновата гама-набљудувачница (КГЗН/CGRO) и нејзиниот инструмент наречен Истражувач на избличен и минувачки извор (ИИМИ/BATSE), исклучително чувствителен забележувач на гама-зраци, обезбедиле податоци кои покажаа дека распространувањето на гама-изблици е изотропноне е пристрасно кон некоја посебна насока во просторот.Meegan 1992 Доколку изворите биле од нашата сопствена галаксија, тие би биле силно концентрирани во или во близина на галактичката рамнина. Отсуството на каква било таква шема во случајот со гама-изблици, обезбедило силен доказ дека гама-изблиците мора да доаѓаат надвор од Млечниот Пат.Vedrenne & Atteia 2009, стр. 16–40Schilling 2002, стр. 36–37Paczyński 1999, стр. 6Piran 1992 Сепак, некои модели на Млечниот Пат сè уште се во согласност со изотропното распространување.Lamb 1995
Други тела како кандидати извори Со децении по откривањето на гама-изблиците, астрономите барале пандан на други бранови должини: т.е., секое астрономско тело во положбено совпаѓање со неодамна забележаниот изблик. Астрономите разгледувале многу различни класи на тела, вклучувајќи бели џуџиња, пулсари, супернови, збиени јата, квазари, Сејфертови галаксии и тела од типот на BL Гуштер.Hurley 1986, стр. 33 Сите такви пребарувања биле неуспешни,Значаен исклучок е настанот од 5 март во 1979 година, крајно светла експлозија која била успешно положено најдена во остаток од суперновата N49 во Големиот Магеланов Облак. Овој настан е толкуван како магнетарен џиновски блесок, повеќе поврзано со мекиот гама-повторувачки блесоци отколку „вистинските“ гама-изблици. и во неколку случаи особено добро локализирани изблици (оние чии положби биле утврдени со тогаш висок степен на точност) можело јасно да биде покажано дека немаат светли тела од каква било природа во согласност со положбата добиена од сателитите за забележување. Ова наведувало потекло или на многу слаби ѕвезди или на крајно далечни галаксии.Pedersen 1987Hurley 1992 Дури и најточните положби содржеле бројни бледи ѕвезди и галаксии, а нашироко било договорено дека конечната резолуција на потеклото на космичките гама-зраци ќе бара нови сателити и побрзо општење.Fishman & Meegan 1995
Проследен отсјај мини|Италијанско-холандскиот сателит BeppoSAX, лансиран во април 1996 година, ги обезбеди првите точни положби на гама-изблиците, овозможувајќи дополнителни набљудувања и идентификација на изворите. Неколку модели за потеклото на гама-изблиците претпоставуваа дека првичниот гама-изблик треба да биде проследен со проследен отсјај: бавно избледнувачка емисија на подолги бранови должини создадени од судири помеѓу избувното исфрлање и меѓуѕвездениот гас.Paczynski 1993 Раните пребарувања за овој проследен отсјај биле неуспешни, главно поради тоа што е тешко да биде набљудувана положбата на избликот на подолги бранови должини веднаш по првичниот изблик. Пробивот дошол во февруари 1997 година кога сателитот BeppoSAX забележал гама-изблик (GRB 970228Гама-изблиците се именувани според датумот на кој се откриени: првите две цифри се годината, по што следат двоцифрениот месец и двоцифрениот ден и буквата со редоследот по кој биле откриени во тој ден. Буквата „A“ е додадена на името за првиот идентификуван рафал, „B“ за вториот и така натаму. За изблици пред 2010 година, оваа буква била приложена само ако се случило повеќе од еден изблик тој ден.) и кога рендгенската камера била насочена кон правецот од кој потекнува избликот, забележал избледена емисија на рендгенски зраци. Телескопот „Вилијам Хершел“ идентификувал избледувачко оптички тело, 20 часа по експлозијата.van Paradijs 1997 Откако гама-избликот избледол, длабокото отслокување било во можност да идентификува слаб, далечен домаќин на галаксијата на местоположбата на гама-избликот како што е прецизно забележано од оптичкиот проследен отсјај.Vedrenne & Atteia 2009, стр. 90–93Schilling 2002, стр. 102
Поради многу слабата сјајност на оваа галаксија, нејзината точна оддалеченост не била мерена неколку години. Па потоа, се случи уште еден голем напредок со следниот настан регистриран од BeppoSAX, GRB 970508. Овој настан бил локализиран во рок од четири часа од неговото откривање, дозволувајќи им на истражувачките работни групи да започнат со набљудување многу порано од било кој претходен изблик. Спектарот на телото открило црвено поместување од z = 0,835, поставувајќи го избликот на растојание од приближно 6 милијарди светлосни години од Земјата.Reichart 1995 Ова било првото прецизно определување на растојанието до гама-избликот, и заедно со откривањето на галаксијата домаќин од 970228 докажаа дека гама-изблиците се јавуваат во крајно далечни галаксии.Schilling 2002, стр. 118–123 За неколку месеци, контроверзноста за скалата на растојанието заврши: гама-изблиците биле вонгалактички настани кои потекнуваат од слаби галаксии на огромни растојанија. Следната година, GRB 980425 бил проследен во рок од еден ден од светла супернова (SN 1998bw), која се совпаѓала по местоположбата, што укажува на јасна врска помеѓу гама-изблиците и смртта на многу масивни ѕвезди. Овој изблик ја дал првата силна трага за природата на системите што ги создаваат гама-изблиците.Galama 1998
Понови инструменти лево|мини|Вселенското летало „Свифт“ на НАСА било лансирано во ноември 2004 година BeppoSAX функционирал до 2002 година, а Комптоновата гама-набљудувачница (со BATSE) излегла од орбитата во 2000 година. Сепак, револуцијата во проучувањето на изливите на гама-зраци го мотивирала развојот на голем број дополнителни инструменти дизајнирани специјално за истражување на природата на гама-изблиците, особено во најраните моменти по експлозијата. Првата таква мисија, Високо енергетскиот минлив истражувач 2 (HETE-2),Ricker 2003 бил лансиран во 2000 година и функционираше до 2006 година, обезбедувајќи ги повеќето од главните откритија во овој период. Една од најуспешните вселенски мисии до сега, „Свифт“, била лансирана во 2004 година и од мај 2024 година сè уште е во функција.McCray 2008Gehrels 2004 Свифт е опремена со многу чувствителен забележувач на гама-зраци, како и вградени рендгенски и оптички телескопи, коишто можат брзо и автоматски да бидат придвижувани за да ја набљудуваат емисијата на проследениот отсјај, по избликот. Неодамна, Фермиевата мисија била лансирана со Надгледувачот на гама-изблици, кој забележува изблици со брзина од неколку стотици годишно, од кои некои се доволно светли за да бидат набљудувани при крајно високи енергии со Фермиевиот големоповршински телескоп. Во меѓувреме, на земја, биле изградени или модифицирани бројни оптички телескопи за да вградат програмска опрема за роботска контрола што веднаш реагира на сигналите испратени преку Мрежата за координати на гама-изблици. Ова им овозможува на телескопите брзо да бидат пренасочени кон гама-избликот, често во рок од неколку секунди по примањето на сигналот и додека самата емисија на гама-зраци е сè уште во тек.Akerlof 2003Akerlof 1999