Апоп ― троен ѕвезден систем кој содржи Волф-Рајеов двојник и жежок суперџин, сместен во соѕвездието Рамнило. Именуван по божеството змија од египетската митологија, ѕвездениот систем е опкружен со огромен комплекс од ѕвездени ветришта и космичка прашина фрлени во вселената од големата брзина на вртење на главната ѕвезда од двојниот систем и настанат во облик на „вртење“ од влијанието на секундарната ѕвезда. Приземните студии на системот во 2010-тите заклучиле дека системот е најпознатиот кандидат за родоначалник на гама-изблик во галаксијата Млечен Пат.
Именкување Апоп бил именуван од група астрономи предводени од Џозеф Калингам од АСТРОН, кои го проучувале системот помеѓу 2016 и 2018 година и објавиле научен труд за нивните набљудувања. Името го добило по смртниот непријател на богот на Сонцето Ра во египетската митологија, кој често бил илустриран како џиновска змија; нивното ривалство било опишано како „соодветна алузија“ на изгледот на системот и неговиот ѕвезден ветер во инфрацрвена светлина како „борбена ѕвезда во калеми на змеј“. Во XMM-Њутн (2XMM) изворен каталог, ѕвезден каталог на рендгенски извори набљудуван од вселенскиот телескоп XMM-Њутн, системот е каталогизиран како 2XMM J160050.7–514245. Познат е и како WR 70-16.
Особини Апоп е троен ѕвезден систем кој содржи двојна Волф-Рајеова ѕвезда опишан како „средишен мотор“, која кружи со период од ~100 години, и трета жешка суперџиновска ѕвезда опишана како „северниот придружник “, кружејќи околу средишниот мотор на растојание од ~ 1.700 астрономски единици и период од >10.000 години. Двоѕвезденоста во средината на Апоп е составена од две класични Волф-Рајеови ѕвезди од јаглеродна (WC8) и азотна низа (WN4-6b) подтипови, што го прави Апоп најсилниот случај на класичен двоен систем на две Волф-Рајеови ѕвезди во Млечниот Пат. Волф-Рајеовите ѕвезди од јаглеродна низа често се произведувачи за правење прашина. Огромен комплекс од ѕвездени ветрови и космичка прашина го опкружува системот, налик на WR 104, друг Волф-Рајеов ѕвезден систем кој произведува тркалезна маглина. Ветерот, кој се движи со брзина од 12 милиони км/ч, и прашина која патува со 2 милиони км/ч на работ на системот, наведува дека барем еден составен дел од средишниот двигател брзо се ротира, така што неговата површинска гравитација е блиску да е урамнотежена со нејзината центрифугална сила кон надвор. Овој составен дел произведува побрзи ѕвездени ветрови од нејзините полови и побавни ветрови од својот екватор, а заемодејството на екваторскиот ветер со ветерот на неговиот секундар го прави обликот на „вртеното тркало“ на системот. Брзо вртежните Волф-Рајеови ѕвезди теоретски се способни да произведат гама-изблик за време на супернова, а системот е идентификуван како родоначалник на изблик на гама-зраци. Проценувано е дека Апоп е на растојание од ~2,4 килопарсеци, или ~8.000 светлосни години, од Земјата, со потенцијално несовпаѓање од +0,2 и −0,5 килопарсеци при неговото проценето видливо изумирање од 11,4.
Набљудување
Апоп се наоѓа во соѕвездието Рамнило, на ректасцензија од и деклинација од . Системот може да биде разделен на два составни делови, „средишниот двигател“ Волф-Рајеова двојна ѕвезда и суперџинот „северен придружник“. Вкупната привидна величина на системот е 17,5, при што привидната величина на разрешениот централен мотор и северниот придружник е 19,0 и 17,8 соодветно. Неговата распространетост на инфрацрвена спектрална енергија е единствена, со осветленост која се движи од привидна величина од 6,4 на 2,2 μm до -2,4 на 22 μm. Истражувањата спроведени со инструментот SINFONI на Европската јужна набљудувачница (ЕЈН) на Многу големиот телескоп, ја измериле привидната величина во инфрацрвениот J опсег за средишниот двигател како , а за северниот придружник како . SINFONI, исто така, ја измерила привидната величина на системот во опсегот K како за средишниот двигател и за C, во опсегот L како за средишниот двигател и за северниот придружник, и во опсегот М како за средишниот двигател и за северниот придружник. Набљудувањата на SINFONI дополнително детализирале дека северниот придружник е веројатно конвенционална ѕвезда B1Ia+ со висока сјајност. A и B покажуваат типичен спектар од WC7 ѕвезда, но со дополнителни одлики на ѕвездите WN4 или WN5 за кои теоретизираат дека се од една од ѕвездите на средишниот двигател; ако биде потврдено, ова ќе го направи Апоп редок двоен систем на Волф-Рајеови ѕвезди. Алтернативна хипотеза, исто така, заснована на податоците на SINFONI, предлага дека сите спектри би можеле да бидат од необична преодна ѕвезда WN/WC, и дека северниот придружник тогаш би бил конвенционална OB-ѕвезда. Комбинирањето на спектрите на ѕвездите WR EZ Големо Куче и WR 90 би создало спектар речиси идентичен со оној забележан од двоѕвездената Волф-Рајеова ѕвезда.
Системот бил првиот кандидат за родоначалник на гама-изблик што бил откриен во галаксијата Млечен Пат, иако не бил познат како таков во раните набљудувања, како оние со вселенските телескопи XMM- Њутн и Чандра, каде што бил идентификуван едноставно како рендгенскиот извор уште во август 2004 година. Астрономот Џо Калингам првпат го забележал Апоп за време на додипломските студии на Универзитетот во Сиднеј со Синтезниот телескоп на набљудувачницата Молонло, и бил забележан како потенцијален двоѕвезден ветар кој се судира, со радио извор исто толку светол како Ета Кобилица. Калингам и Питер Тутхил, кои го предводеле откривањето на WR 104 во 1998 година и барал интерес за Апоп откако ги набљудувал неговите крајни инфрацрвени својства, го користеа Многу големиот телескоп на ЕЈН, за набљудувања во август 2016 година. Понатамошните набљудувања со Англо-австралискиот телескоп и Австралиската телескопска збиена низа, заедно со придонесите од различни меѓународни установи, довеле до објавување на научен труд во Nature Astronomy на 19 ноември 2018 година. Било заклучено дека системот е двојна Волф-Рајеова ѕвезда и родоначалник на гама-изблици. Претходно било претпоставувано дека такви системи се пронајдени само во галаксии помлади од Млечниот Пат.
Поврзано
Список на гама-изблици
Забелешки
Наводи Извори
Цитати
Надворешни врски
Анизотропните ветрови во Волф-Рајеовиот двоен ѕвезден систем идентификуваат потенцијален родоначалник на изблик на гама зрациврска=|алт=Paid subscription required|14x14пкс|Потребна е платена претплата во Nature Astronomy
Категорија:Волф-Рајеови ѕвезди Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:Вртелешни маглини Категорија:Рамнило (соѕвездие) Категорија:Двојни ѕвезди Категорија:Астрономски тела откриени во 2016 година