„Тирена“ — пасторала во стихови на хрватскиот писател Марин Држиќ. Делото било премиерно изведено во 1549, а отпечатено во 1551 година.Георги Сталев, „Марин Држиќ (1508 – 1567)“, во: Марин Држиќ, Шега со Станец (Новела од Станца). Кочо Рацин, Скопје, 1959, стр. 10.
Содржина Тирена е лична самовила во која се вљубени сите момчиња и сатири. И овчарот Љубмир е вљубен во неа, но смета дека Тирена има камено срце бидејќи не му ја возвраќа љубовта. Но, тој не знае дека и Тирена го сака со истиот интензитет, а за да ја освои нејзината љубов Љубмир мора да се бори со љубоморниот и далеку посилен сатир.Георги Сталев, „Марин Држиќ (1508 – 1567)“, во: Марин Држиќ, Шега со Станец (Новела од Станца). Кочо Рацин, Скопје, 1959, стр. 9.
Осврт кон делото „Тирена“ е напишана под влијание на ренесансните примери, така што во неа се појавуваат самовили, овчари, сатири и селани кои во општа мешаница се борат да дојдат до убавото и вредното, не бирајќи средства и начини да ја остварат целта. „Тирена“ е лирска химна на љубовта, надополнета со балетска игра, во која можат да се сретнат и доста поетични места, како и некои остроумни критики на општествениот живот во Дубровничката Република.Георги Сталев, „Марин Држиќ (1508 – 1567)“, во: Марин Држиќ, Шега со Станец (Новела од Станца). Кочо Рацин, Скопје, 1959, стр. 9.
Наводи
Категорија:Дела на Марин Држиќ Категорија:Хрватски драми Категорија:Ренесансна книжевност Категорија:Книги од 1551 година