Clean Bandit ― англиска електронска музичка група, основана во Кембриџ во 2008 година. Имале четири песни на прво место и десет топ-10 песни на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство.

Историја на групата

2008–2012: Основање и почетоци Групата Clean Bandit била основана од Грејс Чато (виолончелистка и пејачка), браќата Џек и Лук Патерсон (клавијатури и саксофон, соодветно) и Нил Амин-Смит (виолинист). Членовите на групата се запознале додека студирале на Универзитетот во Кембриџ. Во 2011 година, Чато и Џек Патерсон основале сопствена компанија за филмска продукција, Cleanfilm, за да прават музички спотови за нив и за други музичари.

2012–2015: Прв албум и пробив на музичката сцена мини| Clean Bandit, заедно со пејачките Флоренс Ролингс и Елизабет Трој, на Way Out West во Гетеборг, Шведска, август 2014 година Во декември 2012 година, Clean Bandit го издале првиот сингл „A+E“, кој се искачил на 100-то место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Прв поголем успех имале со синглот „Mozart's House“, издаден во март 2013 година, кој бил инспириран од класична музика и добил позитивни рецензии. Песната се искачила на 17-то место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Нивниот трет сингл „Dust Clears“ стигнал 43-то место во ОК. Четвртиот сингл на групата „Rather Be“ во соработка со Џес Глин бил објавен во јануари 2014 година и се искачил на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија. Песната завршила како втора најпродавана песна за годината во Обединетото Кралство (зад „Happy“ од Фарел Вилијамс). „Rather Be“ исто така бил на прво место во: Австрија, Финска, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска, а стигнал до десетто место на американскиот Billboard Hot 100. Првиот студиски албум на групата, New Eyes, бил издаден во јуни 2014 година. Во ноември, групата повторно соработувала со Џес Глин, на нивниот сингл „ Real Love“ кој се искачил на второ место во Обединетото Кралство. Истиот месец, групата настапила како дел од хуманитарната група Band Aid 30 заедно со други британски и ирски поп-изведувачи и заедно ја снимиле најновата верзија од песната „Do They Know It's Christmas?“ за да соберат пари за кризата со ебола во Западна Африка во 2014 година.

Во февруари 2015 година, „Rather Be“ освоил Греми награда за најдобар денс-запис. лево|мини| Разговор со Елизабет Трој на FIB во 2015 година

2016–2019: Успех со „Rockabye“ и втор албум Во октомври 2016 година, било објавено дека виолинистот и пијанист Нил Амин-Смит одлучил да ја напушти групата. Два дена подоцна, групата ја објавила песната „Rockabye“, во која учествуваат раперот Шон Пол и пејачката Ен-Мари. „Rockabye“ станала нивна втора песна која се искачила на прво место во Обединетото Кралство, каде се задржала девет недели. Станала најпопуларен божиќен сингл за 2016 година. Песната се искачила на прво место во: Ирска, Австралија, Нов Зеланд, Германија, Италија, Шведска и Швајцарија. Во март 2017 година, Clean Bandit го издале синглот „Symphony“ во соработка со шведската пејачка Зара Ларсон. Песната станала уште еден светски хит, достигнувајќи го врвот на топ-листите во повеќе земји. десно|мини| Clean Bandit на сцената во Рим на 28 јуни 2017 година Clean Bandit го објавиле нивниот втор албум What Is Love? во ноември 2018 година. Албумот содржел соработки со Рита Ора, Ели Голдинг, Крег Дејвид, Ен-Мари и Чарли XCX.

2020 – денес: Напуштање на Atlantic Records и нови проекти Во текот на 2020 и 2021 година, Clean Bandit продолжиле да издаваат успешни синглови, меѓу кои „Tick Tock“ со пејачката Мејбел и раперот 24kGoldn, „Higher“ со Ијан Диор, „Drive“ со германскиот диџеј Топик и ремикс на песната „How Will I Know“ од Витни Хјустон. Овие песни го задржале електро-поп звукот по кој е позната групата, но со поекспериментален пристап кон новите музички трендови.

Помеѓу 2022 и 2024 година, Clean Bandit се раздели со нивната издавачка куќа Atlantic Records и потпиша договор со B1 Recordings.

На 23 јули 2024 година, Clean Bandit ја најавиле новата песна со англиската пејачка Ен-Мари и францускиот диџеј Дејвид Гета под наслов „Cry Baby“. Била објавена на 9 август 2024 година.

Музички стил Clean Bandit се електронска,Multiple citations: електропопMultiple citations: и денс-поп група.Multiple citations: Групата прави спој на електронска музика со класични дела од композитори како Моцарт и Шостакович.

Членови  Сегашни членови

Грејс Чато – виолончело, клавијатури, удирачки инструменти, пејачка (2008-денес) Џек Патерсон – клавијатури, пејач, пијано, бас, гитара, виолина, продуцент, диџеј, саксофон (2008-денес) Лук Патерсон – тапани, удирачки инструменти (2008-денес)

Турнејски музичари

Стефани Бенедети – виолина (2016-денес) Јасмин Грин – пејачка (2016–денес) Кирстен Џој – пејачка (2016–денес) Сем Скироу – бас (2017-денес) Ден Пејсли – гитара (2018–денес)

Поранешни членови

Нил Амин-Смит – виолина, пијано (2008–2016) Сегава-С`сету Киванука – пејач (2008–2010)

Дискографија

New Eyes (2014) What Is Love? (2018)

Наводи

Надворешни врски

Cleanfilm.co

Категорија:Музички групи основани во 2008 година Категорија:Англиски поп-групи Категорија:Статии со извори на шведски (sv) Категорија:Музички групи од Кембриџ Категорија:Англиски хаус-групи Категорија:Добитници на Греми за денс и електронска музика