Духовденски понеделник, познат и како Втор ден Духовден — празник што се празнува следниот ден по Духовден, подвижен празник во христијанскиот литургиски календар. Подвижен е бидејќи се определува според датумот на Велигден.
Празнување Духовден е секогаш во недела и затоа е обично неработен ден. Со оглед на тоа, понеделникот по Духовден е државен празник во Андора, Антигва и Барбуда, Ангвила, Австрија, Бахамите, Барбадос, Белгија, Бенин, Британските Девствени Острови, Централноафриканската Република, Република Конго, Кипар, Данска, Доминика, Франција, Габон, Германија, Грција, Гренада, Унгарија, Исланд, Брегот на Слоновата Коска, Луксембург, Мадагаскар, Монако, Монсерат, Холандија, Норвешка, Романија, Света Луција, Свети Кристофер и Невис, Сенегал, Соломони, Свети Винцент и Гренадини, Швајцарија, Того и Украина. Во многу од овие земји, Духовденскиот понеделник е познат како „Втор ден на Педесетницата“ или „Втор ден Духовден“.
Во Македонија, Духовденски понеделник е работен ден. Неработен ден за граѓаните од православната вероисповед е петокот пред Духовден, Мртов петок.
Поврзано Духовден Духовденски вторник
Наводи
Надворешни врски Trinity Week—Day of the Holy Spirit Orthodox icon and synaxarion
Категорија:Празници во јуни Категорија:Празници во мај Категорија:Христијански празници Категорија:Подвижни празници Категорија:Духовден