„Исповед на бршленот“ – стихозбирка на македонската поетеса Јованка Денкова од 2024 година.
Содржина Збирката содржи 55 песни, распоредени во три циклуси:Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024.
Минато Бршлен Дребности Господарка на тагата Верност Како? Предавство Капка Лаги Недостаток Желба Сам Време на спомените Ако Последно свртување Черги На баба ми Шпајз Колачи од кокос Крај реката (1) Времеплов
Откривање на светот Утро крај езеро Молитва (1) Езеро Галеб Прегратка Мир Спомени Гола надеж Сознание Испраќање на есента Клетва Срцето боли Смени го Времето лечи Липи Сеќавање Крај реката (2) Пранги Заборав Чемер
Другата во мене Ноќни дијалози Одмор Немир Завет Зборови Македонија Молитва (2) Денови Разочараност Тврдина Години Навраќање Очекување Празнична Бегство Корени Старецот и розата Од дневникот на еден затвореник Меланхолија Заложничка
Технички податоци Книгата, со обем од 102 страници и со димензии од 20 сантиметри, е објавена како самостојно издание на авторката, а со финансиска поддршка од Министерството за култура на Македонија. Автор на илустрацијата на корицата е Петар Денков, а лектурата и коректурата ги направил Игор Станојоски. Книгата е отпечатена во печатницата „2-ри Август“ во Штип, во тираж од 200 примероци. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-66129-1-7.Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 2-3.
Осврт кон делото Во својата рецензија, Васил Тоциновски ја оценува збирката како „пример на успешно естетско и етичко обединување на обете нивоа на книжевното создавање“. Според постапката на поетскиот говор, авторката ја сфаќа поезијата како систем на чувства при што со лирскиот третман ги раздиплува сите прашања, недоумици и дилеми на човековата егзистенција. Темите и мотивите извираат длабоко од душата, а интимниот свет се огледува во постојана, вечна потрага по мислата и смислата на постоењето. Употребувајќи ја „јас“-формата, авторката ги воспева општочовечките вредности при што сегашноста е златна врска меѓу минатото и иднината. Оттука, и хронологијата во збирката започнува со минатото (првиот циклус), вториот циклус е посветен на мигот сегашен, додека во третиот циклус авторката е свртена кон идното време.Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 97-99.
Наводи
Категорија:Дела на Јованка Денкова Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Книги од 2024 година Категорија:Македонски дела од 2024 година Категорија:Појавено во 2024 година во Македонија