Галактичка година (вселенска година или космичка година) — времето кое му потребно на Сонцето еднаш да искружи околу средиштето на Млечниот Пат.Cosmic Year , Fact Guru, University of Ottawa Една галактичка година изнесува околу 225 милиони Земјини години. Сончевиот Систем се движи со просечна брзина од 230 км/с (828.000 км/ч) на неговата траекторија околу Галактичкото Средиште;http://starchild.gsfc.nasa.gov/docs/StarChild/questions/question18.html NASA – StarChild Question of the Month for February 2000 со оваа брзина едно тело може да го обиколи Земјиниот екватор за 2 минути и 54 секунди; одговара на од брзината на светлината.

Галактичката година е згодна единица за претставување на вселенски и геолошки временски периоди заедно. За разлика од тоа, скалата од милијарди години не е корисна за разликување на геолошки настани, а скалата од милиони години бара употреба на големи броеви.Geologic Time Scale – as 18 galactic rotations

Врелесмед на вселената и Земјината историја изразен во галактички години Напомена: 1 галактичка година е еднаква на 225 милиони години.

ВремеНастанГалактичкигодини(гал)Милионигодини(мг)Во минатото (изминати години)61,32 Голема експлозија54 Настанок на Млечниот Пат.20,44 Настанок на Сонцето.17–18 3.937Појава на океани на Земјата.16,889 3.800Појава на живот на Земјата.15,555 3.500Појава на прокариоти.12 2.700Појава на бактерии.10 2.250Период еукариум. Прва појава на еукариоти Појава на стабилни континенти.6,8 1.530Појава на повеќеклеточни организми.2,4 540Камбриумска експлозија.2 500Појава на прата мозочна структура кај црвите.1,11 250Пермско-тријаско изумирање0,2933 Кредно-палеогенско изумирање0,0013 Појава на анатомски современиот човек.Во иднината (години отсега)0,15Изминато средно време помеѓу ударите од астероидни тела со величина на K/Pg-ударникот.Lunar and Planetary Institute (2010), https://www.lpi.usra.edu/features/chicxulub/1Сите континенти на Земјата може да се спојат во суперконтинент. Три можности се Амазија, Новопангеја и Пангеја Ултима.2–3Плимното забрзување доволно ја оддалечува Месечината од Земјата што повеќе не е возможно целосно затемнување на Сонцето.4Нивото на јаглерод диоксид опаѓа дотаму што повеќе не е возможна C4-фотосинтеза. Изумираат сите повеќеклеточни организми.15Површинските услови на Земјата се споредливи со оние на Венера денес.22 Млечниот Пат и галаксијата Андромеда почнуваат да се судираат.25 Сонцето исфрла планетарна маглина, зад себе оставајќи бело џуџе.30 Завршува спојот на Млечниот Пат со Андромеда во џиновска елиптична галаксија наречена Млекомеда.500 Ширењето на вселената предизвикува галаксиите по Месната Група на Млечниот Пат да исчезнат зад хоризонтот на вселенска светлина. Сега нив ги нема во видливата вселена.2000 Месната Група од 47 галаксии се соединува во една голема галаксија.

Поврзано Геолошка скала

Наводи

Категорија:Единици за време Категорија:Астрономски мерни единици Категорија:Млечен Пат