Ерл Сајмонс (англ. Earl Simmons; 18 декември 1970 - 9 април 2021), професионално познат како DMX (транскрипција: Ди-ем-екс) ― американски рапер и глумец. Се смета за влијателна фигура во хип-хопот во доцните 1990-ти и раните 2000-ти, а неговата музика се карактеризира со „агресивен“ стил на рапување и со лирска содржина која варира од хардкор-тематика до молитви.

Живот и кариера Ерл Сајмонс е роден на 18 декември 1970 година во Маунт Вернон, Њујорк.

Како дете, Сајмонс бил подложен на физичко насилство од страна на неговата мајка и му била дијагностицирана бронхијална астма. Тој бил Јеховин сведок. На десетгодишна возраст, поради насилството од мајка му бил испратен во групен дом. На петнаесетгодишна возраст се вратил во Јонкерс и спиел во празни канти за складирање и се спријателувал со кучиња-скитници. Шворц, ограбил неколку студенти за да си најде храна и облека, како и кожна јакна и ремен за неговото милениче куче. Почнал да краде автомобили.

DMX започнал со рапување во раните 1990-ти. По неуспешниот период додека бил под капа на Columbia Records, потпишал со Ruff Ryders Entertainment (заедничко вложување на Def Jam Recordings) и го издал неговиот прв студиски албум It's Dark и Hell Is Hot (1998). Албумот бил добро прифатен од критиката и од публиката, а го исфрлил синглот „Ruff Ryders Anthem“ кој се пласирал во топ-40 на Billboard Hot 100. Ова бил прв од петте негови албуми кои последователно дебитирале на врвот на Билборд 200, а DMX станал прв изведувач во историјата на топ-листата со таков подвиг. Следувале албумите: Flesh of My Flesh, Blood of My Blood (1999) и „... ...“ (1999), кој станал негово најпродавано издание и бил поддржан од неговиот втор топ-40 сингл, „Party Up (Up in Here)“. По четвртиот албум, The Great Depression (2001) го издал и петтиот албум, Grand Champ (2003), чиј водечки сингл бил „Where the Hood At?“, а ја содржел и бонус-песната „X Gon Give It to Ya“. Иако неговите следните изданија биле послабо прифатени од критиката и публиката, до 2021 година, DMX продал преку 75 милиони музички записи. мини|DMX во февруари 2007 година DMX глумел во филмовите: Стомак (1998), заедно со Нас; Ромео мора да умре (2000) и Од лулка до гроб (2003), заедно со Џет Ли; Излезни рани (2001) и Над законот (2019), заедно со Стивен Сигал; и Последниот час (2008), заедно со Мајкл Медсен. Во 2006 година, глумел во реалити телевизиската серија DMX: Soul of a Man, која првенствено била емитувана на кабелската телевизиска мрежа БЕТ. Во 2003 година објавил книга со мемоари под наслов Е.А.Р.Л.: Автобиографијата на DMX.

На 2 април 2021 година, Сајмонс бил пренесен во болница каде што било пријавено дека е во критична состојба по срцевиот удар во неговиот дом, најверојатно како резултат на предозирање со дрога. Следниот ден, неговиот адвокат Мареј Ричман потврдил дека Сајмонс е на апарати за одржување во живот.

Утрото на 9 април 2021 година, на Сајмонс му откажале повеќе основни органи, односно неговиот црн дроб, бубрези и бели дробови, и набргу потоа бил прогласен за мртов. Официјална причина за смртта на Сајмонс била срцев удар.

Дискографија

Студиски албуми

It's Dark and Hell Is Hot (1998) Flesh of My Flesh, Blood of My Blood (1998) ... And Then There Was X (1999) The Great Depression (2001) Grand Champ (2003) Year of the Dog... Again (2006) Undisputed (2012) Exodus (2021)

Наводи

Надворешни врски

DMX discography at Discogs

Категорија:Ѓакони Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Родени во 1970 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Пејачи од Њујорк (држава) Категорија:Затвореници Категорија:Американски рапери Категорија:Афроамерикански рапери Категорија:Починати од предозирање Категорија:Американски хип-хоп музичари