Мег 2: Патување во длабочините () — научнофантастичен акционен филм од 2023 г., во режија на Бен Витли и напишан од Џон Хобер, Ерих Хобер и Дин Георгарис. Ова е продолжение на Мег: Грабливецот од длабочините (2018). Во филмот играат Џејсон Стејтам, Ву Џинг, Софија Цај, Пејџ Кенеди, Серхио Перис-Менчета, Скајлер Семјуелс и Клиф Кертис. Како и претходниот филм, тој следи група научници што мораат да ги надминат и надмудрат мегалодоните кога злонамерната рударска операција ќе ја загрози нивната мисија и ќе ги принуди во битка за опстанок со високи залози.
Премиерата на филмот во САД била на 4 август 2023 г., а во Македонија на 3 август истата година.
Содржина Џонас Тејлор води истражувачка екипа на проучувачко нуркање во најдлабоките длабочини на океанот. Нивното патување прераснува во хаос кога злонамерната рударска операција ја загрозува нивната мисија и ги принудува во битка за опстанок со високи залози. Соочени со гигантските, праисториски ајкули (мегалодони) и немилосрдните ограбувачи на животната средина, тие мораат да ги надминат, да ги надмудрат и да ги препливаат своите безмилосни грабливци.
Улоги ГлумецУлогаЏејсон СтејтамЏонас ТејлорВу ЏингЏуминг ЏангСофија ЦајМеијингКлиф КертисМакПејџ КенедиДи-ЏејСерхио Перис-МенчетаМонтесСкајлер СемјуелсЏесМелисанти МахутРигасВупи ван РамКертисКиран Сонја СаварСалФеликс МајрЛансСиена ГилориХилари Дрискол
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2023 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик