Марка () — шпански дневен спортски весник. Првите изданија се отпечатени во 1938 година во Сан Себастијан како неделник.

По граѓанската војна, редакцијата на весникот се преселила во Мадрид и од 1942 година се издава како дневно издание. Тој е најпопуларниот и најчитаниот спортски весник во Шпанија.

Од 1955 година има и електронско издание, а од 2000 година и радио станица со истото име. Според традицијата, Марка секоја година го наградува најдобриот стрелец на шпанското првенство.

Наводи

Надворешни врски

Официјалната веб-страница на весникот Маркa

Категорија:Весници