Мулан () — американски драмски филм од 2020 г., кој е киноадаптација на истоимениот анимиран филм од 1998 г., заснован на кинеската легенда за Хуа Мулан. Филмот го режирал Ники Каро, а сценариото го напишале Рик Џафа, Аманда Силвер, Лорен Хајнек и Елизабет Мартин. Насловната улога ја играла Лиу Јифеи; Останатите улоги ги вклучуваат Дони Јен, Џејсон Скот Ли, Јосон Ан, Гонг Ли и Џет Ли. Мулан, со продукциски буџет од 200 милиони долари, е најскапиот филм во историјата режиран од кинорежисерка. Звучниот запис на филмот е Loyal Brave True (од англ. — „Верна, смела, искрена“), и е изведен од Кристина Агилера.
Премиерата на филмот во САД била на 4 септември 2020 г., а во Македонија порано, на 26 март 2020 г.
Содржина Кога кинескиот император издава заповед дека по еден маж од секое семејство мора да служи во императорската кинеска војска за да ја брани земјата од Хуните, Хуа Мулан, најстарата ќерка на чесен воин, застанува за својот болен татко. Таа е остроумна, решителна и брза на нозе. Преправена во маж по име Хуа Џјун, таа е испитувана на секој чекор и мора да ја искористи нејзината внатрешна сила и да го прифати нејзиниот вистински потенцијал.
Улоги ГлумецУлогаЛиу ЈифеиХуа МуланДони Јенкомандир ТунгЏејсон Скот ЛиБори-ханЈосон АнЧен ХонгхуиГонг ЛиШјианиангЏет Лиимператорот на КинаРон Јуеннаредник ЧјиангЦи МаХуа ЏоуРозалинд ЧаоХуа ЛиЏими ВонгЛинг
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2020 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Драма филмови Категорија:Акциони филмови Категорија:Американски 3D-филмови