десно|безрамка Вапорето е воден автобус во Венеција кој служи како средство за јавен превоз.
За водениот автобус Вапорето буквално значи мал пароброд. Првите венецијански патнички бродови биле на пареа. Со вапорето управува венецијанското јавно транспортно претпријатие. Обезбеден е 24-часовен превоз со различна динамика во однос на сезоната. Маршрутите се менуваат повремено. Некои рути се активни само во туристичката сезона од април до октомври. Најфреквентна рута е рутата 1 по Големиот канал. Главната сообраќајница на градот, артеријата на Венеција, е Канал Гранде (Гранд Канал), кој го дели градот на два дела. Со вапорето можете да стигнете до островот Мурано, Лидо ди Венеција, Торчело, како и други.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Патеки со вапорето во Венеција Како да се користи јавниот превоз во Венеција Флота од венецијански вапорето
Категорија:Воден сообраќај Категорија:Сообраќајот во Италија Категорија:Венеција