Олевенски манастир — манастир во близина на битолското село Олевени, кој се наоѓа на месноста Брце на местото на некогашното старо село Олевени, околу која има подигнато три цркви и еден параклис.
Местоположба
Месноста на која се наоѓаат трите цркви (Свети Илија, Света Петка и Света Ана) се нарекува „Брце“ и се наоѓа неколку стотици метри над селото Олевени. Археолозите на оваа месност констатирале наоди од раната антика и раното христијанство. Месноста е пространа рамнина, на која денес има три цркви со мал обем, а на еден мал дел се подготвува простор за четврта.
Градби во манастирот
Манастирот е составен од црквата „Св. Илија“, помошен објект и уреден простор.
Црква „Св. Илија“
Црквата била обновена во 1936 година.
Црква „Св. Петка“
Црквата била обновена во 1936 година.
Црква „Св. Ана“
Црквата била обновена во 1936 година, а во нејзе е вградена натписна плоча од истоименото археолошко наоѓалиште.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Олевени Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Битолското архијерејско намесништво