„Ти носам пустински песок“ — епистоларен роман на македонската писателка Винка Саздова, првобитно објавен во 2021 година до издавачката куќа „Три“.

Осврт кон делото Фабулата во романот е прикажана преку писмената преписка меѓу две деца, Стела и Сани, кои авторката ги опишува како една душа во две тела, иако живеат далеку: Стела во Дубаи, а Сани во Скопје. Тие се приближуваат кон пубертетот, но иако се мали, веќе се свесни за содржината на детскиот свет и за своите права во светот на возрасните. Идејата на романот е дека животот е во постојано движење, зашто никој не се вратил во своето детство, ккао што никој не остарел двапати. Притоа, авторката го зема Дубаи како симбол на менливоста и минливоста.Трајче Кацаров, „Јасти тијас“, Современост, број 3, 2023, стр. 121-122.

Наводи

Категорија:Дела на Винка Саздова Категорија:Македонски романи Категорија:Епистоларни романи Категорија:Изданија на Три Категорија:Македонски дела од 2021 година Категорија:Појавено во 2021 година во Македонија