десно|мини|Сончевиот часовник предна страна десно|мини|Сончевиот часовник задна страна Сончевиот часовник од Сремска Митровица, денес вредна поставка на постојаната поставка на лапидарот на Сремскиот музеј е изграден во 100 г. н.е. на барање на Кратилус Папиус еден од најбогатите граѓани на Сирмиум. Пронајден бил на западноримските гробишта во Сирмиум; најстариот споменик од ваков вид во Источна Европа и како таков има значајно научно и културно значење.

Кратилус Папијас нарачал бел мермер од островот Брач и ангажирал скулптор и астроном од Грција, Скулпторот во човечка големина го создал Атлас кој на грбот носел сончев часовник а зад него се браќата Херкул и Ификле, Скулптурата е единствена во светот бидејќи е единствената што го прикажувала братот на Херкул, Ификле. До откривањето на оваа скулптура ликот на Ификле се наоѓал само на вазни а тие вазни биле во сопственост на музеите Метрополитен и Лувр.

Сончевиот часовник е изработен во облик на школка со засечени радијални линии кои ги означуваат часовите а од раката е зачуван само коренот на железната шипка. Она што му давала практична вредност на овој монументален часовник е хоризонталната линија издлабена по заоблената линија на школката. На таа линија паѓа сенка на секој 21 март и тоа значи дека поминала една година. Астрономските и математичките анализи покажале дека оваа хоризонтална линија е направена многу прецизно и дека е во совршена хармонија со географската ширина на Сремска Митровица и дека часовникот е буквално непогрешлив.

Поврзано Сирмиум

Наводи

Категорија:Саати Категорија:Знаменитости во Србија